Концерт на Националниот џез оркестар под диригентство на светски реномираниот Мајк Холобер - Канал 5

Концерт на Националниот џез оркестар под диригентство на светски реномираниот Мајк Холобер

Како што соопштуваат од Националниот џез оркестар, Мајк Холобер е препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. 

Концерт на Националниот џез оркестар под диригентство на светски реномираниот Мајк Холобер

Еден од најреномираните современи џез композитори и диригенти, Мајк Холобер (Mike Holober), на 18 март ќе настапи со Националниот џез оркестар, претставувајќи го својот најнов и исклучително значаен проект This Rock We’re On: Imaginary Letters. Концертот ќе се одржи во Национална опера и балет со почеток во 20 часот, под диригентство на авторот.

Како што соопштуваат од Националниот џез оркестар, Мајк Холобер е препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект е оценет како „монументално ремек-дело“ и „мајсторска лекција по композиција за џез оркестар“. Во ова дело, Холобер создава впечатлив спој на два музички света, вметнувајќи ја суптилната естетика на современата класична музика, нагласена преку интимната камерна звучност на виолончелото, пијаното, вибрафонот и вокалот, во моќната и динамична енергија на биг бендот.

- Делото претставува длабока уметничка рефлексија за убавината на природата и судбината на планетата. Конципирано е како циклус од таканаречени „замислени писма“ посветени на писатели, уметници и активисти кои својот живот го поминале во восхит и грижа за планетата. Секое писмо е проследено со инструментална оркестарска интерпретација што ја продлабочува и музички ја отсликува неговата содржина и поетска димензија, се наведува во најавата за концертот.

Гости солисти на концертот ќе бидат Андријана Јаневска (вокал), Кирил Јосифов (виолончело) и Влатко Нушев (вибрафон и перкусии).

Овој концерт претставува исклучителна можност за непосредна средба со едно од најзначајните современи остварувања за џез оркестар, во изведба на Националниот џез оркестар и под диригенство на Мајк Холобер.

Билетите може однапред да се резервираат на: [email protected] , информираат од Национален Џез Оркестар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати десетте најплатени кошаркари од Евролигата

На порталот „Eurohoops“ се појави листата на најплатените кошаркари во Евролигата, а на првото место се наоѓа , плејмејкерот на Хапоел Т. А, Србинот, Василије Мициќ. 

Познати десетте најплатени кошаркари од Евролигата

Во дресот на Хапоел Тел Авив, Мициќ заработува 5,6 милиони долари годишно!

Тој во моментов е најскапиот играч во Евролигата.

Следните тројца кошаркари на листата на најплатени играат за Панатинаикос.

Кендрик Нан заработува 5,3 милиони долари годишно и е втор на листата, трет е Гершон Јабуселе со 5 милиони, а четврт е Најџел Хејс-Дејвис, за кого ПАО издвојува 4,5 милиони долари по сезона.

На петтата позиција е Саша Везенков од Олимпијакос со 4,2 милиони долари, а потоа на листата следи уште еден играч на Панатинаикос – францускиот репрезентативец Силвен Франсиско, кој заработува 4 милиони долари годишно.

Седми е Елајџа Брајант. Соиграчот на Василије Мициќ од Хапоел добива 3,6 милиони долари по сезона, а осми е Џанан Муса од Дубаи, кој е платен 3,5 милиони долари годишно.

Со плата од 3,2 милиони долари годишно, оваа позиција ја делат Никола Милутинов и Еван Фурние од Олимпијакос, Матијас Лесор од Панатинаикос и Томас Вокап од Дубаи (кој за малку не заврши во Олимпијакос).

Шејн Ларкин испадна од листата на топ 10 играчи бидејќи во Фенербахче заработува околу 3 милиони долари годишно; истото важи и за Мајк Џејмс, кој го замени дресот на Монако со оној на Ефес.

Жан Монтеро од Олимпијакос исто така заработува 3 милиони долари годишно, додека ситуацијата со Валтер Таварес и Јонас Валанчиунас е интересна бидејќи и двајцата заработуваат помалку од 3 милиони долари годишно, а сепак важат за најдобри центри во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар

Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар во Кавадарци.

Јанчев: Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар

Денеска во Кавадарци беше пуштен во употреба новиот кружен тек во непосредна близина на објектот на Лидл, со што се унапредува сообраќајната поврзаност и се овозможува побезбедно и полесно движење во овој дел од градот.

Инфраструктурниот проект е реализиран како резултат на соработката меѓу Општина Кавадарци и Лидл, со поддршка и ангажман на локални компании.

На настанот свои изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и Гоце Гаврилов директор за недвижнини од Лидл, кои ја истакнаа важноста на партнерството меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, како и значењето на проектот за подобрување на инфраструктурата и условите за граѓаните. Со реализацијата на овој проект, Кавадарци добива уште едно современо инфраструктурно решение, а успешната соработка претставува пример за заедничко вложување во развојот на градот.

Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, подобра инфраструктура и партнерства во интерес на граѓаните.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар Аеродром

Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.

Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар Аеродром

Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки.

Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.

Во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во Мичурин се предвидуваат 215 нови паркинг-места.

Со воведувањето на ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот - возачи, велосипедисти и пешаци.

Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај.

Општина Аеродром продолжува со подготовка на конкретни решенија кои ќе придонесат за подобро уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер