Концерт на филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота во Битола - Канал 5

Концерт на филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота во Битола

Ректорот на битолскиот Универзитет, Сашо Коруновски и директорот на битолскиот Центар за култура, Борче Димитровски денеска на прес конференција го најавија гостувањето на филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота, САД, кои в сабота невечер ќе одржат концерт во Битола.

Концерт на филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота во Битола
Со претстојната културна активност, Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ја почнува реализацијата на програмата за одбележување на 1.100 годишнината од смртта на Климент Охридски, посочи ректорот Коруновски на средбата со новинарите во овој град.

- Во текот на годината ќе организираме многу настани посветени на јубилејот 1.100 година од смртта на патронот Климент Охридски, а паралелно ќе го зголемуваме бројот на академски партнерства со цел да промовираме нови едукативни вредности. Нашиот универзитет соработува со многу институти и колеџи од САД, а по доаѓањето на гостите од САД ќе развиваме идна соработка и со нив, рече меѓудругото ректорот Сашо Коруновски.

Фимхармонијата на Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота е формирана во 1888 година, а во Битола ќе настапи со 70 музичари кои ќе понудат џез и друга музика.

- Музичката дејност е основна дејност во функционирањето на нашата институција и се реализира со врвни музички настани каков што ќе биде претстојниот со филхармонијата од Минесота. Големо е задоволството што во европската турнеја на филхармонијата, на нивната мапа е и нашиот град, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Концертот на филхармонијата од Минесота ќе се одржи в сабота во 20 часот во големата сала на НУ Центар за култура. Влезот за сите вљубеници на музиката ќе биде бесплатен, а истовремено во фоајето на Центарот за култура ќе биде поставен штанд за донации кои потоа ќе бидат врачени на соодветна институција во градот, беше нагласено на денешната прес конференција во овој град. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој денес во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“.

„Органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција“, истакна министерот Серафимовски.

Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи.

„Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет“, порача министерот Серафимовски.

Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово, а на манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари

Автомобил „Bugatti Veyron“ стана најскапиот примерок од овој модел некогаш продаден на јавна аукција.

Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари

Наддавањето траело помалку од три минути.

Аукциската куќа „RM Sotheby's“ го понудила на продажба моделот „Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse“ од 2014 година на аукцијата одржана на 26 септември во Цирих – автомобил што го носи името на личност позната на повеќето љубители на брендот „Bugatti“ главно по својата репутација: Жан-Пјер Вимил.

Аукцискиот чекан удри на сума од 4.505.000 швајцарски франци (околу 4.910.000 американски долари), што според тековните девизни курсеви изнесува околу 5,44 милиони долари.

Тоа не е само одличен резултат за половен хиперавтомобил, туку и нов рекорд за целата серија „Veyron“ на јавните аукции.

Пред самата продажба, „RM Sotheby's“ ја процени вредноста на овој автомобил на износ меѓу 2,4 милиони (приближно 2.616.000 долари) и 2,8 милиони швајцарски франци (приближно 3.052.000 долари), што само по себе претставува значителна сума за „Veyron“. Сепак, понудувачите значително ја надминаа таа горна граница, па конечната цена беше дури 61 отсто повисока од највисоката проценета вредност, пренесува „Motor1“.

Според RM Sotheby's, оваа продажба ја претставува највисоката цена што некогаш ја постигнал еден Veyron на јавна аукција. Со тоа е надминат уникатниот модел Veyron Grand Sport Sang Bleu, продаден во 2024 година за приближно 2,35 милиони долари.

Овој конкретен автомобил има поминато само 3.766 километри откако ја напуштил фабриката во 2014 година, што претставува исклучително мала километража за возило старо повеќе од една деценија. Моделите „Veyron“ со мала километража не се реткост кај колекционерите кои купуваат возила за нивно чување, а не за возење. Сепак, тоа секако влијае на крајната цена. „Bugatti“ произведе точно три примероци од изданието „Grand Sport Vitesse Jean-Pierre Wimille“, а токму таа реткост ја сочинува суштината на приказната за овој автомобил. Името му оддава почит на фабричкиот возач на „Bugatti“, кој во 1937 година станал првиот човек што победил на трката „24 часа на Ле Ман“ зад воланот на „Bugatti“.

Три автомобили е многу мала бројка дури и според стандардите на „Bugatti“, со оглед на тоа што вкупното производство на моделот „Veyron“, вклучувајќи ги сите варијанти, се броело во стотици примероци.

Секој примерок од изданието „Wimille“ се одликува со дизајнерски елементи инспирирани од тркачката кариера на возачот по кого е именуван моделот.

Тоа е една од причините зошто колекционерите го сметаат ова трио за класа над стандардниот модел „Grand Sport Vitesse“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ

Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ - „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“.

МОН: Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ

Со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања спроведе проект „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, а резултатите од истиот беа презентирани денес на научна конференција, на која се обрати и државниот секретар во МОН, Елена Ивановска.

Ивановска посочи дека станува збор за еден од 50те проекти кои беа поддржани од министерството минатата година со вкупен буџет од над 6 милиони евра, преку Конкурсот за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети/факултети, научни институти и МАНУ. Нагласи дека истиот отвора значајни прашања за младите, образованието и општеството.

„Проектот се спроведува во вистинско време, ера во која врсничкото насилство е голем општествен предизвик. Оваа негативна појава не е во подем по бројноста на сторените дела, туку по степенот на бруталноста која ја покажуваат дел од младите и апатијата која ја покажува друг дел од младата популација. Истражувањето ќе даде теоретски одговори на одредени аспекти на комплексниот предизвик. Но, резултатите ќе имаат вистинско значење само доколку помогнат да се развијат пристапи што ќе можат да се применуваат во реалниот образовен контекст, а јас верувам дека ќе биде така“, рече Ивановска, додавајќи дека овој проект е можност за понатамошно јакнење на врската меѓу науката и образовниот систем.

Упати честитки до истражувачкиот тим и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања за успешно реализираниот проект, порачувајќи дека инвестицијата во науката е инвестиција во знаењето, а инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на општеството. Кога овие две инвестиции ќе се поврзат со институционална соработка и со практична примена, нивната вредност е уште поголема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер