Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“ - Канал 5

Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“

Конан О'Брајан ќе биде водител на 97-то доделување на „Оскарите“, коешто ќе се одржи на 2 март оваа година. 

Конан О

Оваа информација ја потврдија извршниот директор и претседателката на Академијата за филмски уметности и наука во САД, Бил Крамер и Џенет Јанг, пренесува „Н-1“.

„Конан е совршената личност за оваа улога, благодарение на неговиот брилијантен хумор, љубовта кон филмот и искуството во водењето ТВ-програми... Неговата способност да се поврзе со публиката ќе ни помогне да создадеме незаборавна прослава на филмската индустрија и да им оддадеме чест на извонредните филмови и творци од оваа година“, се вели во соопштението.

На оваа вест реагираше и самиот О'Брајан.

- Америка тоа го бараше и сега тоа се случува. А, во другите вести: Јас сум домаќин на „Оскарите“!, изјави комичарот во свој стил.

Во јули претходната година беше објавено дека Џими Кимел, кој претходно четирипати ја водеше свечената емисија, одлучил да не биде домаќин на овогодишната свеченост.

Конан О'Брајан, роден 1963 година, е американски ТВ-водител, комичар, сценарист и продуцент, можеби најпознат како водител на својата емисија „Конан“ којашто се прикажуваше од 2010. до 2021 година. Пред да стане водител, О'Брајан работел како сценарист на популарната емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), како и на цртаната серија „Симпсонови“ - од 1991 до 1993 година.

О'Брајан стана водител на „Доцна навечер“ (Late Night) во 1993 година, откако Дејвид Летерман се пензионираше. Потоа го водеше ноќното шоу цели 22 години. Познатиот водител е оженет со Елизабет Пауел со која има две деца - син и ќерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор

 Некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди заврши во самица поради тепачка во затвор. Раперот не престанува да прави проблеми по пресудата.

Раперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор

Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција.

Познатиот музички магнат Шон „Диди“ оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“.

Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за нови дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. 

Зеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“

Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent).

По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“

Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчини се поблиску до клупата на Италија?!

Враќање по три години – Италија пронајде селектор

Манчини се поблиску до клупата на Италија?!

Претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Џовани Малаго, вели дека трофејниот стратег Роберто Манчини наскоро треба да стане новиот-стар селектор на „Аѕурите“.

По одбивањето од страна на Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторникот се одржа итен состанок на Асоцијацијата.

„Разговарав со Роберто Манчини за преземање на функцијата нов селектор. Го чекаме неговиот потпис“, изјави Малаго.

Манчини веќе еднаш ја извршуваше оваа функција, во периодот од 2018 до 2023 година, кога си замина и набрзо потоа ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Тој го освои Европското првенство во 2023 година со „Аѕурите“.

Со оваа репрезентација не учествуваше на Светското првенство во Катар во 2022 година, а има и две трети места во Лигата на нации, во 2021 и 2023 година.

По Саудиска Арабија, Манчини го водеше само катарскиот клуб Ал-Сад, кој неодамна го напушти. Манчини е тренер веќе две и пол децении.

Во кариерата до сега ги водел Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, повторно Интер и Зенит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер