МакедонијаКон крајот на месецов јавна расправа за неколку закони на МОН, меѓу кои и за високо образованиеНовиот закон за високо образование ќе се најде на јавна расправа до крајот на месецот – најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска утринава на конференција за практичните вештини на младите. Таа вели дека овој е еден од повеќето закони што ги подготвуваше МОН и за кои нацрт-вертзиите се веже готовои, но не биле објавени досега поради изборите. -Телото за реформи во високото образование интензивно работеше целата мината година, не како целина, туку поделено во групи.- Весна Јаневска -Конечно го сработивме и законот за квалитет во високото образование. Драфт-верзиите се готови. Поради изборите не сакавме да ги ставиме на ЕНЕР или на јавна дискусија тоа што што можеше тоа да се сфати тоа како притисок. Веројатно до крајот на месецот последните денови од овој месец веќе ќе ја почнеме јавната расправа.- Весна Јаневска Според извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев треба да се направат промени во високото образование, поради ризикот од останување на компаниите без квалитетна работна сила. Дополнително укажа и на опасностите кои ги носи вештачката интелигенција, односно, како што кажа тенка е линијата помеѓу слуга и господар на оваа алатка. -Во Македонија ќе треба да се направат исклучително големи промени во делот на високото образование. Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија и треба квалитет, а не фабрика за штампање дипломи.- Антони Пешев -Вештачката интелигенција ја споредуваат со огнот. Тој може да биде извонреден слуга, но ако ние не знаеме да го користиме и ако од тоа не знаеме да извадиме и контролираме, може да ни се случи да биде и многу непријатен господар. - Антони Пешев -Ќе останеме со дипломи без работа и тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Воопшто тоа не се случува на некој друг, тоа не се случува некаде надвор, тоа ни се случува на сите нас.- Антони Пешев Конференцијата беше организирана во рамките на проектот „Образование за вработување во Македонија“ на швајцарската амбасада во Скопје. Заменик-амбасадорката Михал Харари рече дека зајакнувањето на соработката меѓу образовните институции и приватниот сектор се гради врз успешниот модел на дуалното образование. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалМиланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градко дерби на Милано одиграно во рамките на 10. коло од Серија А.„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро. Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВажни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два денаВо вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција. Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање. Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот. Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците. На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори. Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“. Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче. Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори. Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter