КошаркаКомплетирано десеттото коло од ЕвролигатаСо натпреварот Барселона – Панатинаикос на кој победа забележа шпанската екипа синоќа беше заокружено 10.коло од кошаркарската Евролига.Бодови пред свите навивачи освои и Басконија, додека Жалгирис и Олимпијакос ги совладаа своите ривали на гостински терен. Резултати и табела по 10.коло: Дарушафака – Олимпијакос 71:77, Црвена Звезда – Жалгирис 79:88, Басконија – Галатасарај 69:62 и Барселона – Панатинаикос 72:57. Претходно: Фенербахче – Реал Мадрид 78:77, Бамберг – ЦСКА 88:90, Уникс Казан – Армани Милано 100:79 и Макаби – Анадолу Ефес 77:86. Табела: ЦСКА Москва 9-1 (победи-порази), Реал Мадрид 7-3, Фенербахче 7-3, Олимпијакос 6-4, Басконија 6-4, Макаби 5-5, Дарушафака 5-5, Панатинаикос 5-5, Анадолу Ефес 5-5, Барселона 5-5, Жалгирис 4-6, Црвена Звезда 4-6, Армани Милано 4-6, Уникс Казан 3-7, Галатасарај 3-7, Бамберг 2-8. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПо Фејсбук, падна и ИнстаграмСоцијалната мрежа Инстаграм престана да работи кратко откако корисниците пријавија проблеми во функционирањето на Фејсбук.На почетната страница на апликацијата Instagram, кај некои корисници се појавува пораката „Добредојдовте на Instagram“, а остатокот од доводот (feed) не е видлив. Инаку, од утринава не функционира ниту Facebook, а прекинот во работата беше пријавен нешто по девет часот наутро. Почетната страница на Facebook исто така не се отвора – корисниците добиваат порака дека настанал проблем. „Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Ве молиме, обидете се повторно за неколку минути“, гласи известувањето што го добиваат корисниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ:Срам за Скопје - коњ со пет нозе на Орце и ВМРОГрад Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување“ на влезот во градот. Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје. Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град. Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014“, го обезличи градот со стотици споменици, фасади од стиропор и лавови кои немаа никаква историска или естетска вредност. Сега, наместо вистинско уредување и инвестиции, добиваме уште една кампања со AI-генерирани слики. Наместо реални резултати, ВМРО-ОКГ и Орце постојано прават кампањи. Сè е кампања, а резултати нема. Наместо да се вложува во квалитетна инфраструктура, чистота, нови автобуси, уредување на градот, граѓаните добиваат уште еден симбол на аматеризам и срам. Особено е понижувачки што ова се случува во летната туристичка сезона, кога бројот на странски посетители е зголемен. Наместо да се покаже уреден и достоинствен град, туристите на влезот во Скопје добиваат слика која повеќе наликува на лоша шега отколку на репрезентација на главниот град. ВМРО-ОКГ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат со истата пракса: кампањи наместо резултати. Главниот град заслужува подобро, скопјани заслужуваат подобро. Скопје, 19.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
СветСилен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинатиСилен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 Juli 2026 pukul 21:24:39 waktu setempat (19 Juli 2026 pukul 09:24:39 WIB). Episentrum gempa berada sekitar 14 km barat laut Huancayo dengan kedalaman 22 km. Hingga saat ini, sedikitnya 5 orang dilaporkan meninggal… pic.twitter.com/2pHTFa8uk2 — Info Gempa Dunia (@infogempadunia) July 19, 2026 Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција. Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09