3Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиКомплетирано 4.коло на Светското хокеарско првенствоНа Мундијалот во хокеј што се одржува во Белорусија во текот на вчерашниот ден се одиграа четири натпревари, по два во двете групи, со кои беше комплетирано 4.коло. Најубедливата победа ја забележаа канадските хокеари во дуелот со Данска, додека најнеизвесно беше на средбата Летонија - САД, на која Летонците стигнаа до победата со подобра игра во последната третина. Постигнати резултати: Канада - Данска 6:1, Летонија - САД 6:5, Финска - Белорусија 2:0 и Шведска - Франција 2:1. Табела А група: Шведска 11 бодови, Канада 10, Чешка 6, Норвешка 6, Франција 5, Словачка 4, Данска 3, Италија 3. Табела Б група: Русија 12 бодови, Летонија 9, Финска 6, САД 6, Белорусија 6, Германија 5, Швајцарија 3, Казахстан 1. Денеска на програмата се четири натпревари од 5.коло: Канада - Италија, САД - Казахстан, Финска - Швајцарија и Шведска - Словачка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаШверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрагаОсум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство. Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи. -Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра. -Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок? Намаленото ДДВ на дизелот ќе го ублажи ценовниот шок, но нема целосно да го реши проблемот со високите цени на горивата, оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски. По новото поскапување на дизелот од 5,5 денари, тој посочува дека просторот за дополнителни интервенции на државата е ограничен, а доколку се носат нови мерки смета дека тие треба да бидат временски ограничени и насочени кон најпогодените граѓани и сектори. Поссочува дека секоја нова интервенција да се прави врз основа на темелни анализи на трошоците и ефектите, со цел да не се создеаде потреба од нови дополнителни задолжувања. - Секако дека овие намалувања во делот на ДДВ-то ќе помогнат во ублажувањето на овој ценовен шок, меѓутоа клучно е дека едноставно треба да се види каква е состојбата со буџетот, кои се расположливите средства и доколку се планираат мерки, тие мерки треба да имаат пред сè времен карактер. Затоа што на долг рок повторно цената ќе треба да ја платат граѓаните, заради тоа што мерките ќе треба да се финансираат од некакво задолжување или од средства коишто во моментот доколку ги нема државата, ќе треба да се обезбедуваат преку зголемување на долгот.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии Миноски предупредува доколку надворешниот ценовен шок потрае, ефектите нема да останат само на бензинските пумпи. Повисоките трошоци за енергенси веќе се прелеваат и врз храната, превозот и комуналните услуги..Иако Македонија не може да произведува нафта и нафтени деривати, вели дека постои можност да се намали зависноста од увоз, во обласите каде што има услови за сопствено производство... -Македонија треба да размислува на обезбедување на сопствената енергетска независност и независност во поглед на производство на храна. Ние не можеме да произведуваме нафта и нафтени деривати, меѓутоа она што можеме да го произведуваме треба да настојуваме да станеме самодоволни во оние сегменти кај што реално имаме предуслови тоа да го правиме. На тој начин се обезбедува и суверенитетот и независноста на државата и се отвораат перспективи за ублажување на овие екстерни шокови.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии Заменик-министерот за економија Марјан Ристески пак, споредувајќи ги цените со земјите од регионот, посочува дека Македонија и натаму има најниски цени на горивата. Ристески вели дека додека бензинот 95-ка во Грција се продава за 129, а во Албанија за 126, кај нас чини 99 денари за литар...Посочува и дека дизелот кај нас чини 104,5 денари, во Албанија дури 40% повеќе или 147 денари. Според него, ваквата разлика е резултат на владините мерки за намалување на ДДВ-то и акцизите. Министерката за енергетика Сања Божиновска, вчера нагласи дека доколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаСерафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделствотоМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер и регионалниот советник за земјоделство, Александре Мартинез.На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, со посебен акцент на размената на искуства и знаења, особено во делот на европските интеграции и усогласувањето со европските стандарди и практики. Посебно внимание беше посветено на можностите за поголемо присуство на македонските земјоделски и прехранбени компании и изложувачи на француските саеми, со цел промоција на македонските производи, отворање нови пазари и воспоставување нови деловни партнерства. Министерот Серафимовски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдија заедничката заложба за продолжување на конструктивниот дијалог и развивање конкретни иницијативи од заемен интерес, насочени кон модернизација, поголема конкурентност и меѓународна промоција на македонското земјоделство, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter