Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
НБАКомплетирани плеј-оф двојките во НБАлигатаМајами Хит и Мемфис Гризлис се последните два тима кои обезбедија место во НБА плеј-офот.И двата клуба своето место го обезбедија преку плеј-ин турнирот и сега ги очекуваат натпревари против првопласираните тимови во нивните конференции. Двојки во НБА плејофот: Западна конференција: Оклахома Сити Тандер (1) – Мемфис Гризлис (8) Денвер Нагетс (4) – Лос Анџелес Клиперс (5) Лос Анџелес Лејкерс (3) – Минесота Тимбервулвс (6) Хјустон Рокетс (2) – Голден Стејт Вориорс (7) Источна конференција: Кливленд Кавалирс (1) – Мајами Хит (8) Индијана Пејсерс (4) – Милвоки Бакс (5) Њујорк Никс (3) – Детроит Пистонс (6) Бостон Селтикс (2) – Орландо Меџик (7). Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието седница за опозициски прашањаПроблемите во образованието во фокусот и на опозициските пратенички прашања во Собранието. Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ со низа критики до министерката Јаневска по последниот извештај на ПИСА за слабите резултати на учениците, за оптимизацијата во образованието и за поразителните бројки во училиштата. Јаневска и одговори дека се работи за проблеми кои се таложеле подолг период, а актуелната влада ги решавала состратешки пристап. За првпат откако е избран пред пратениците одговараше и министерот за правда Јетон Шасивари, кој беше прашан како ќе го реши барањето на студентите кои сакаат да полагаат правосуден испит на албански јазик. Кажа дека во октомври ќе има средба со нив и деканите од пет засегнати факултети и ќе им го презентира неговиот план. Според Шасивари, целта е да се обезбеди еднаков пристап за полагање, но да не се намалат професионалните критериуми. Од СДСМ и ДУИ се пожалија и дека дел од министрите не го почитувале Собранието. Забележаа зошто министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ не дошол на седницата, иако му било најавено дека ќеима прашања и за него. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе има ли поскапување на електричната енергија и парното по Нова Година?Ќе има ли поскапување на електричната енергија и парното по Нова Година? Премиерот Мицкоски уверува дека снабдувањето со енергенси ќе биде стабилно, без осцилации во цените и количините. Вели Владата работи на тоа цената на струјата да остане иста и по 1-ви јануари, а во однос на парното потенцираше дека Македонија не е зависна од гас, чија цена како што оцени во текот на зимата може да се зголеми дури и тројно, бидејќи сме користеле когенеративни постројки. Според Мицкоски, земјава има и доволно количини на нафтени деривати. „Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните откако е оваа Влада не е покачена и така ќе остане. Работиме на таа проблематика и од јануари цената најмалку да остане иста, а работиме и на тоа да има поевтинување или продолжување на евтината тарифа. Можам слободно да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима. Секојдневно разговараме со увозниците, уверени сме дека количини има доволно на нафтени деривати, продуктоводот е полн, државните резерви се солидни, не гледам во овој момент можност и причина за стравување во текот на зимата“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Озпоцискиот лидер Филипче пак спротивно од Мицкоски, очекува скок на цените на струјата и парното од идната година. Посочи дека цената на горивата е зголемена за 50 отсто од почетокот на годината и дека и покрај тоа што власта уверува дека нафтените деривати биле најефтини в регионот, за граѓаните се скапи поради нискиот стандард. „Ние сме една од земјите во регионот во која со просечна или минимална плата може да се купи најмала количина, односно најмалку литри гориво. Иако власта сака да се пофали дека имаме наводно најевтино гориво, толку е низок стандардот што и тоа наводно најевтино гориво не можат граѓаните да си го купат. На дното сме во Европа и во регионот по количина на гориво кое граѓаните може да си го купат со примањата. Лошо се менаџира енергетскиот систем. Прозиводството на струја е значално намалено за 30 проценти само минатата година. Ниту половина од стратегија за прозиводство на струја не е исполнето. И затоа сега власта увезува струја“– Венко Филипче, претседател на СДСМ А со цел зголемување на стандардот на граѓаните СДСМ во Собранието поднесе Предлог закон за заголемување на миниумалецот. Наместо на 500 евра, како што бараа претходно, сега се предлага минималец од 600 евра. Според Филипче пари за зголемување на минималната плата има – доволно било власата да се откаже од ставката во буџетот предвидена за луксузирање. Иако го поднесоа, Филипче вели дека не очекува законот да биде изгласан, бидејќи според него на Власта не и било гајле за граѓаните, туку само за сопсвените џебови и криминални тендери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзгореа над 20 дуќани со текстилна роба во пожарот во Шуто Оризари- Наместо мирен сон - страв, паника и борба со огнената стихија за да се спасат повеќе објекти. Ова е она што зад себе го остави синоќешниот пожар во Шуто Оризари.Пеплосани се повеќе дуќани во близина на пазарот во општина Шуто Оризари, а според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во раните утрински часови. Повредени и жртви нема, но борбата на пожарникарите со пламените јазици траела неколку часа. -Во периодот од 03:31 до 06:45 часот, со 15 пожарникари и 6 Против пожарни возила, се гаснале запалени трговски дуќани на улица Индира без број во Општина Шуто Оризари. - ЦУК Дел од граѓаните на Општината утрово се разбудиле во страв, а некои од нив се сомневаат и дека пожарот е подметна и бараат реакција од надлежните органи. – Жал ми е што да гледам, ова е трагедија. Сега кој го запалил тоа, треба да се бара да се гледа, има и камери. Да бркаат работа, да видат кој е тој што ризикувал ова да го пали, значи тоа е некој голем мангуп, за него се знае што треба. – Ова гореше околу 4,5 сабајле, ние спиевме, и кога станавме сабајле да одиме на работа, ние гледаме дека гореле овие бутици тука, греота се луѓето, не знам дали ќе познат кои гореле. Страшно беше, ние тоа време спиевме кога запалиле, и станувам одма гледам дека е запалено се. – Сабајле поминав со колата со баџанакот имав нешто работа, кога видов, ова е хаос, срамота е ова, ова вака што е направено е многу срамота. Тие што го направиле се штета за општеството, пример кој и да го направил што направил, значи тоа не е лојален граѓанин. Официјално од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за причината за пожарот. И од мвр потврдуваат дека нокеска се опожарени над 20 дуќани со како што се наведува во соопштението , со текстилна и друга роба сопственост на лице со иницијали с.с. кои биле дадени под закуп. -Денеска околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. -Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР. Иако пожарот уште од раните утрински часови целосно е изгаснат, непријатна миризба и натаму се чувствува ширум општината, посебно во непосредна близина на изгорените објекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05