Комисијата за историја со Бугарија се уште е без еден член по оставката на историчарот Ѓорѓиев

Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања најверојатно ќе продолжи да работи и покрај оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев.

Македонскиот тим сега останува со шест члена наспроти седумчлениот бугарски тим историчари. Од МНР засега нема одговор дали на местото на Ѓорѓиев ќе назначат нов член, на кое чека и Комисијата да одлучи дали и кој ќе го замени. Во меѓувреме, извори од Комисијата за Канал 5 велат дека немаат пречки за да се состанат со бугарските колеги.

-Најавената, засега усна оставка од Ванчо Ѓорѓиев не значи дека останатите членови и од македонска и бугарска страна не може да се состануваат. И порано се случувало некој да отсуствува поради некакви причини. Што се однесува до носењето на евентуални заклучоци, може да се носат и без еден член. За тоа е потребен само консензус, нешто на што цело време настојуваме. А кога некој не се согласувал со донесениот заклучок секогаш може да има свое издвоено мислење, брифираат од Комисијата.

Ѓорѓиев неодамна поднесе оставка, како што писмено образложи во јавност, поради обиди за политичко влијание и директно мешање од страна на висок функционер во МНР. Оттаму го демантираа, а останатите членови во Комисијата тврдеа дека немало надворешно влијание и се почитувале принципите.

Но дел од бугарската научна јавност упати и критики за обидите на двете страни да ги надминат спорните прашања. Функционирањето на Комисијата во сегашниот формат е излишно, смета Спас Ташев, член на Бугарската академија на науките –БАН.

-Може да се заклучи дека Комисијата не дава резултати, а причина за тоа е не добро осмислената идеја за нејзиното создавање, вели Ташев кој предлага дека треба да се фокусира на популаризација на неспорните факти прифатливи и за Бугарија и за Македонија.

Македонско – бугарската Комисија одржа четири состаноци, а петтиот и последен за годинава според најавите треба да се одржи во декември.

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници.

Претходно денеска, либанската милитантна група Хезболах истрела противтенковски ракети и артилериски гранати врз израелски воен конвој во спорна област долж границата, при што загина еден израелски цивил.

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители побарале засолниште во тој град. /МИА

Итна евакуација на две болници во Киев поради стравувања од руски напади

Градската државна на Киев извести дека итно евакуира две болници во Киев, од кои едната е детска болница, поради информациите за можен руски напад врз овие објекти, пренесува Украинска правда.

Во соопштението од Градската управа на Киев се наведува дека на интернет се споделува видео со најава за руски напад врз овие медицински установи бидејќи, наводно, внатре се (украински) војници, додавајќи дека „тоа е целосна лага и непријателска провокација која се користи за напад врз социјалната инфраструктура на главниот град на Украина“.

„Со цел да се заштитат болните деца, нивните родители и медицинскиот персонал, властите во Киев прават се што е можно да ги префрлат пациентите и медицинските лица во други медицински установи“, се истакнува во соопштението. /МИА

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите. /МИА

притисни ентер