1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаКомисијата за европски прашања ги прифати измените на Законот за квалитетот на амбиентниот воздухСобраниската Комисија за европски прашања на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и го даде на натамошно читање.Министерот за живота средина и просторно планирање Насер Нуредини образложувајќи го Предлог-закон рече дека има детална листа за мерки што се усвојуваат со наредба од Владата по предлог на МЖСПП , МВР, министерствата за економија, за здравство, за труд и социјална политика и за транспорт и врски. Мерките што се однесуваат на бизнис секторот, рече тој, се усвојуваат по консултации и соработка со нив. -Инспекторатите, локалните и државни инспектори за животна средина се овластени да го мониторираат планот за спроведување на овие мерки. Предложените глоби се согласно максималните утврдени глоби согласно Законот за прекршоци за мали микро и средни претпријатија и овие одредби се предвидени согласно новиот Закон за инспекција, рече Нуредини. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илијоски смета дека на Комисија за европски прашања не треба да се дискутира за квалитетот на воздухот. -На Комисија за европски прашања станавме стручњаци и за амбиентен воздух, за областа од медицината, за областа на јавни набавки во Армијата, за намалување на акцизи… Тогаш дајте да ги укинеме сите други комисии. Второ, оваа тема заслужува поголемо внимание од јавноста, рече Илијоски. Тој имаше неколку забалешки во однос на Предлог-законот, односно смета дека треба да се најде начин сите општини да направат планови за справување со мерките кога има загаден воздух и оти Министерството за животна средина треба да најде начин да ги субвенционира тие работи, дали, како што рече тој, со финансиски капитал и да не се остави која бил општина да нема таков план. -Во делот каде се овозможува одредени установи да издаваат наредби за имплементација на краткорочни мерки ми се чини дека е еден чекор напред со тоа што сметам дека треба да се размисли тие наредби да имаат поголема тежина во оние делови за технолошки процеси кои трбеба да бидат опфатени со нркакви мерки за намалување на загадување. Процеси во фабрики, индустриски капацитети.., вели тој. Во однос на казните, Илијоски смета дека треба да се размисли наместо да се намалуваат казните, да се зголемуваат за оние капацитети кои претставуваат опасност за загадување. -Тие што загадуваат да се замислат дали вреди да ризикуваат да продолжат со својата активност што предизвикува загадување, вели тој. Според Илијоски во планот за чист воздух што Владата го донесе треба да се пристапи многу подлабоко и понаучно, да се имаат предвид метеоролошките влианија, условите, локациите на загадувачите, да има континуирано мерење на повеќе локации. Во однос на втората точка, односно за Предлог-законот за енергетска ефикасност беше усвоен амандманот на пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, односно во членот 1, став 7 од законот, каде стои „енергетската ефикасност при пренос, дистрибуција и снабдување" да се додаде и „производство" И вториот амандман што се однесуваше на членот 10, став 3 каде е наведена потреба од изготвување на список на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор со подна површина од над 250 метри квадратни даден е рок 30 дена за изготвување на тој список, каде се бараше да се даде поширок рок, односно рок од 60 дена за изменување на тој спсиок, беше усвоен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДесетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил. Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста. Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна. Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага. Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда. За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење. Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот. Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година. Семејството има и уште три малолетни деца. Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.Тагови: бремена девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter