БалканКомерцијалните објекти во Албанија мора да бидат опремени со ПОС терминал до 30 мај 2026 годинаАлбанската Генерална даночна дирекција објави дека сите комерцијални објекти во Албанија мора да бидат опремени со ПОС терминал до 30 мај 2026 година.Користењето на ПОС терминали има за цел да обезбеди подобра и побрза услуга за клиентите, полесно плаќање и зголемена транспарентност на трансакциите. Генералната даночна дирекција објави дека се очекува воведувањето на опцијата за плаќање со картичка да придонесе и за формализација и зајакнување на туристичкиот сектор, помагајќи во подобрувањето на деловната клима во земјата. Даночната управа ги повикува сите даночни обврзници да ги преземат потребните мерки за исполнување на таа законска обврска во утврдениот рок, предупредувајќи дека непочитувањето може да резултира со административни мерки. Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВратени 20 тони македонски јаболка од бугарската границаДо утре треба да се знае судбината на 20-те тони јаболка што беа вратени од инспекторите на бугарската агенција за безбедност на храна, откако во анализите покажало зголемено присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници. Јаболката биле откриени во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни служби ги спроведуваат на увозеното свежо овошје и зеленчук. Од Државниот инспекторат за земјоделство објаснуваат дека пестицдите во јаболката биле во границите на дозволеното. „Двата камиона се задржани на македонската граница и дополнително се направени анализи. Од секој производ се зема мостра при извоз така и од јаболката направени се сите испитувања и според податоците нема надимнување на границата на пестициди“.- Државен инспекторат за земјоделство. Она што на една од мострите на што ги земале бугарските инспектори покажало дека имало над минимално под милиграм над дозволената граница. Извори за Канал 5 објаснуваат дека можно е да има влијание и политичката состојба, но засега ќе се чекаат уште еднаш официјални резулатати од направените мостри. Пред една година беше вратена зелка од Хрватска, тогашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски објасни дека по направените испитувања во Македонија воопшто не бил потврден хемиски препарат како што им било кажано на хрватската граница. Во септември беа вратени пратки пиперки од Хрватска и грозје од Црна Гора заради зголемени пестициди што биле потврдени на тамошните граници. Од државниот инспекторат за земјодлество објаснуваат дека вредностите и дозволените пестициди во Македонија се исти со закондоваствтото за извоз и увоз на храна со другите земји од соседството и со земјите од Европската унија. Тагови: Бугарија јаболка пестициди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилностОд шалтерите до дигиталните платформи.. Само во месец октомври преку Националната платформа за интероперабилност, која овозможува сигурна, брза и автоматска електронска размена на податоци и документи меѓу државните органи, институциите и одредени приватни компании, реализирани биле рекордни 20 милиони трансакции, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги ,на порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември“,– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. Министерот Андоновски најави дека веќе оваа недела се очекува да биде достапна втората унапредена верзија од апликацијата М услуги со цел поедноставен пристап на граѓаните до електронските услуги. „Ова е еден почеток, јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот.И драго ми е што над 30 илјади наши сограѓани веќе тоа го препознаваат и се корисници на апликацијата...Тоа се рефлектира и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе сериозно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ -– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. И покрај напредокот на дигитализацијата, готовинското плаќање сè уште има доминантна улога во електронската трговија. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, посочува дека податоците за картичните трансакции даваат само делумна слика за онлајн купувањето, бидејќи не ги опфаќаат плаќањата при достава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лековиМинистерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови. Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка. Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност. Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски. -За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски. Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“ На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи. Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области: регулаторниот систем и надлежностите; одобрувањето и ставањето лекови во промет; производството, дистрибуцијата и снабдувањето; клиничките испитувања и фармаковигиланцата. На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци: Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив; Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ; Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите; Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови; Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции; План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД; Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик; Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка. -Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter