Коментаторите шокирани од бруталниот нокаут на ММА борач (ВИДЕО) - Канал 5

Коментаторите шокирани од бруталниот нокаут на ММА борач (ВИДЕО)

На вчерашниот настан FAME 17 во Краков е забележан еден од најдобрите ММА нокаути во историјата на борбите во слободен стил.

Коментаторите шокирани од бруталниот нокаут на ММА борач (ВИДЕО)

Сопственик на овој спектакуларен потег е полскиот борец Алан Квиечински, кој со атрактивен потег брутално го заспа својот послаб сонародник Максимилијан Виевиорка.

Овој нокаут ги крена на нозе апсолутно сите во салата, а шокирани беа и коментаторите кои извикуваа: "Нокаут од соништата. Ова ќе биде насекаде низ социјалните мрежи. Оваа борба ќе остане во историјата".

„Тој ја сакаше оваа борба. Еве му“, изјави Квиечински, кој беше голем аутсајдер пред мечот.

Полскиот борец имаше серија од четири порази и се очекувало да му олесни на Виевиорка, но на крајот тој заспа побрзо од било кога. Сепак, тој останува сопственик на појасот FAME во полусредна категорија бидејќи ова не беше борба за титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер