Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
2Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
БалканКомеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во КочаниКомеморативно-културна манифестација во чест на жртвите од пожарот во Кочани ќе се одржи вечерва во Шибеник, во организација на Хрватско-македонска тангента.По повод Светскиот ден на поезијата 21 март, Хрватско-македонската тангента организира специјална вечер посветена на моќта на зборовите и споменот на оние кои повеќе не се меѓу нас. -Годинава со писма и поетски интерпретации ќе им оддадеме почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во градот Кочани, настан кој ја зави Македонија во црно. Во време кога се сеќаваме на трагедијата што погоди толку многу семејства, сакаме да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на младите животи изгубени преку уметноста. Поезијата не учи како да ја пронајдеме убавината низ тагата и како зборовите можат да изградат мост меѓу болката и надежта, велат од Хрватско-македонска тангента. Настанот ќе се одржи во Прес центарот во Шибеник, а покровител е Советот за национални малцинства на Република Хрватска. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветНајмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба. Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето. BREAKING: 8 people are dead and more than dozen injured after massive building collapse in Brooklyn, New York City https://t.co/WPuUagHAYr — Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 12, 2026 Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време. Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни. Bystanders watch as people climb out of rubble, assisted by rescue crews, after a building collapsed in Brooklyn, New York. At least two people are dead and over a dozen others are injured, according to New York City authorities. https://t.co/j5NVr646et — ABC News (@ABC) November 12, 2026 Непознат број на исчезнати Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта. Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините. Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗа првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потребиСо нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог. Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови. Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваатПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во КочаниПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани -Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип. Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани. - Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова. Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази. Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter