3Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество
МакедонијаКомеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка МитреваВо Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години. – Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир, објави СДСМ. Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови. Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година. Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинатиШпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници. Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект. Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани. Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година. Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање Вториот ребаланс на државниот буџетот денеска на второ читање ќе се расправа во Собранието.Согласно предлогот за ребаланс – приходите се планираат на 374,2 милијарда денари додека расходите на 420,5 милијарда денари, што во однос на првиот ребаланс од јули значи дека тие истовремено се намалуваат за по 5,3 милијарда денари. Буџетскиот дефицит би останал непроменет на ниво на 46,3 милијарда денари што претставува 4,1% од БДП-то. За премиерот Мицкоски, власта води добра економска политика, додека пак, лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, обвинува дека вториот ребаланс на буџетот е како што вели, признание за катастрофалната состојба на буџетот.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook