Комарците ги избркаа станарите во кинеското зелено чудо (ФОТО)

Експериментален проект за зелено домување во кинескиот мегаград Ченгду им гарантирал на идните станари живот во зеленило на уредените градини на секој балкон во таканаречената „вертикална шума“, но нивните планови ги спречија комарците.

Балконите се толку обраснати со вегетација, што сопствениците на становите избегнуваат да живеат во нив поради инвазијата на комарци кои, како и луѓето, многу ги сакаат растенијата, пишуваат кинеските медиуми.

Агенцијата за недвижнини соопшти дека сите 826 станови се продадени до април годинава, но наместо модерен еколошки рај, облакодерите сега потсетуваат на сет за снимање на некој пост-апокалиптичен филм.

Досега само десетина семејства се преселиле во становите на зградите со вертикални градини во Ченгду поради страв од инфекција, пренесуваат државните медиуми.

Блокот од осум згради е изграден во 2018 година, а секој балкон е дизајниран да обезбеди доволно простор за одгледување разни растенија, пренесуваат локалните медиуми.

Но, без повеќето станари, кои сè уште не се вселиле, вегетацијата на балконите „дивееше“, претворајќи го потенцијалниот „еко-рај“ во џунгла полна со комарци.

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија.

Станува збор за 32 годишeн скопјанец против кого, според министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот на токсикологија се случи вчера попладне. Дежурниот доктор го препратил неговото малолетно дете на педијатрија по што бил нападнат од таткото и со површен хематом и расекотини на главата завршил кај колегите на ургентен, а потоа пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќаза случајот реагираше на фејсбук,.

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.

Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во првиот дел на посетата, Брегу на средбата со Османи ќе разговара за евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

-За време на средбата се очекува да стане збор за иницијативноста и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД19, а ќе се разговара и за односите со соседите врамени во мултилатералните и регионалните иницијативи. Ќе се разговара за европските перспективи на земјата и регионот, а особен акцент се очекува да се стави на претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, информираат од МНР.

За време на нејзината посета на Македонија ќе бидат остварени средби со високи владини претставници./МИА

Сончево време со мала облачност на последниот ден од летото

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На последниот ден од летото, минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, а максималните од 23 до 29 степени. Во Скопје минимална температура до 10 степени, максимална до 29 степени.

УХМР и за првиот ден од есента најавува сончево време со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

притисни ентер