Командантот на „Азов“: Ќе ја напуштиме челичарницата само под еден услов

Командантот на борците на Азовскиот полк стационирани во опколената челичарница Азовстал во разурнатиот град Мариупол за Си-Ен-Ен изјави дека руските сили, и покрај пораките од Кремљ, постојано ја бомбардираат фабриката за челик .

Свјатослав Паламар од Азовскиот полк изјави за Си-Ен-Ен дека руските сили интензивно ја бомбардирале и гранатирале фабриката за челик Азовстал, и од бродови и од авиони.

„Во исто време сме гранатирани од копното“, додаде тој. Тој рече дека руските сили се обиделе да окупираат делови од Азовстал контролирани од украинските сили, но тие напади биле одбиени, рече тој.

„Од една страна Русите прогласуваат прекин на огнот, а во исто време со пешадија и возила се обидуваат да ја окупираат територијата на челичарницата“, изјави командантот на Азов.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин му рече на својот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека Азовстал треба да биде „блокиран“ и да ги запре руските напади. Тој додаде дека оние кои ќе се предадат треба да бидат третирани во согласност со меѓународните конвенции.

Паламар изјави за Си-Ен-Ен дека имаат голем број ранети борци и повеќе од 500 војници кои треба да добијат гаранции дека нивните животи ќе бидат поштедени.

„Имаме и цивили во смртна опасност во случај Русите да се обидат да ја заземат фабриката за челик“, рече тој, додавајќи дека руските сили вчераутро гранатирале засолниште за ранети.

„Тешко е да им се пружи медицинска помош на повредените момчиња, со оглед на тоа што нашата операциона сала беше уништена. Во неа имаше остатоци од лекови и хируршка опрема“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

На прашањето дали украинските борци во Азовстал се подготвени да се предадат, Паламар рече: „Не размислуваме за такви сценарија. Ова е можно само преку гаранција обезбедена од политички лидери на трета земја, како што се САД, Велика Британија, Турција или Израел - гаранција, што ќе им овозможи на сите наши борци да ја напуштат фабриката за челик и да бидат префрлени на безбедно“.

„Подготвени сме да ја напуштиме оваа територија бидејќи е многу тешко и комплицирано да ја задржиме користејќи го само нашето лично оружје. Подготвени сме за евакуација, по можност евакуација на територија на трета земја, но со оружје во нашите раце“, додаде тој.

Што се однесува до ситуацијата во фабриката за челик, Паламар за Си-Ен-Ен изјави дека не останало многу храна и вода за бранителите. Тој додаде дека имаат „ограничени количини муниција“. „Немаме можност да ги уништиме авионите и бродовите што нѐ бомбардираат“, рече Паламар, додавајќи: „Не размислуваме за предавање или за условите за предавање на Русија. Разгледуваме само гаранции кои ќе ни овозможат да ја напуштиме територијата на фабриката за челик. Доколку нема друг избор, ќе се бориме до крај.” “.

Тој нагласи дека украинските борци побарале евакуација на цивилите од фабриката за челик.

„Баравме евакуација на цивилите. Од март му се обраќаме на светот и бараме од меѓународните политичари или организации да гарантираат безбедна евакуација на цивилите на украинска територија. Значи, ако не прашате дали сме подготвени цивилите да го напуштат Азовстал - спасувајте ги цивилите“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Зборувајќи за планот на украинската влада за евакуација на цивили од фабриката за челик, кој треба да стапи на сила денеска, Паламар рече дека е свесен дека таков конвој треба да дојде во Мариупол, но одбил да коментира дополнително, како што рече, од безбедносни причини.

„Сметаме на тоа дека Црвениот крст и организациите ќе се преселат во Мариупол за прво да се грижат за тешко повредените. Ним им треба помош“, рече Паламар, објаснувајќи дека цивилите и војниците се во различни делови на фабриката за челик.

„Има подруми и бункери до кои не можеме да дојдеме бидејќи се под урнатини. Не знаеме дали луѓето внатре се живи или не. Во челичарницата има деца на возраст од 4 месеци до 16 години. Но, има луѓе кои се задржани на места до кои не може да се дојде“, заклучил тој.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер