Колумбиски велосипедист за шест месеци по втор пат се заразил со корона - Канал 5

Колумбиски велосипедист за шест месеци по втор пат се заразил со корона

Колумбискиот велосипедист Фернандо Гавирија, член на тимот на ОАЕ, Емирати, е заразен со коронавирус по втор пат во последните шест месеци, откри тестот спроведен вчера за учесниците на Џиро д’Италија, пред денешната 16-та етапа.

Колумбиски велосипедист за шест месеци по втор пат се заразил со корона

Заедно со Гавирија, еден од членовите на придружниот штаб на францускиот тим AG2R La Mondiale имал позитивен резултат на тестот.

"Гавирија веднаш беше ставен во изолација, се чувствува добро и целосно е асимптоматски. Сите други велосипедисти и помошен персонал се негативни и денеска повторно ќе бидат тестирани. Медицинската служба внимателно ја следи ситуацијата и прави се што е можно за трката да продолжи безбедно. “, стои во соопштението издадено од тимот на Обединетите Арапски Емират, чии членови ќе останат во трката, за разлика од холандскиот тим, од кој сите се повлекоа откако нивниот главен возач Стивен Кројсвијк беше позитивен на тестот, спроведен пред девет дена.

Фернандо Гавирија најпрво бил заразен со коронавирус во март, за време на трка во Обединетите Арапски Емирати, а потоа поминал скоро еден месец во болницата во Абу Даби пред да се прогласи пандемија ширум светот.

Престојот во болницата на Гавирија бил продолжен затоа што тој не можел да добие три последователни негативни резултати од тестот, иако имал само благи симптоми на ковид-19. Потсетувајќи се на настаните од тоа време, Колумбиецот изјави дека имал треска само два дена и дека после тоа веќе не кашлал и не чувствувал болка во белите дробови.

„Морав да чекам долго за негативните резултати, но цело време се чувствував нормално“, изјави 26-годишниот колумбиски спортист, кој се вратил на натпреварите кон крајот на август.

Неговиот случај сигурно ќе ги заинтригира лекарите и научниците, имајќи предвид дека досега биле исклучително ретки случаите на повторна инфекција со ковид-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm.

Рекорди се уриваат!

Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми.

Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук.

Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри.

Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф.

Ништо без виљушкар

На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства.

Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви.

Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми.

За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 29 степени

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре сончево време со температура до 29 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на  Собранието на Македонија. 

Гаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија.

За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието.

Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер