Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
СветКолумбијците со стрели ја нападнаа американската амбасада во Богота- протестираат против Трамп (ВИДЕО)Четири полицајци биле повредени вчера во Богота откако демонстрантите пред амбасадата на САД гаѓаа со стрели и користеа експлозивни направи за време на митингот против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп.Четири полицајци биле повредени вчера во Богота откако демонстрантите пред амбасадата на САД гаѓаа со стрели и користеа експлозивни направи за време на митингот против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија официјални лица, како што објави France24. Градоначалникот на Богота, Карлос Фернандо Галан, изјави дека „деликвентите, од кои некои беа маскирани, ја нападнаа амбасадата со запаливи направи, експлозиви и стрели“. „Четири полицајци беа ранети во лицето, нозете и рацете“, додаде тој. Министерството за одбрана објави снимки од хаотичните сцени пред амбасадата, а еден од нив покажува полицаец со стрела забодена во раката. Esto no es manifestación. Es intento de homicidio. El Estado colombiano, no tolera ni tolerará estos ataques contra nuestros miembros de la Fuerza Pública. Quien ataca a un soldado o policía está atacando a una institución, está atacando al Estado. Los responsables… https://t.co/v5f0DDKL2P pic.twitter.com/8C4ce9dqGS — Pedro Arnulfo Sanchez S. Orgullosamente Colombiano (@PedroSanchezCol) October 17, 2025 „Народен конгрес“ Настанот беше организиран од протестната група „Congreso de los Pueblos“ (Конгрес на народот) за да се осуди десничарската агенда на Доналд Трамп, потврди портпаролот Џими Морено за AFP. La protesta social es un derecho que honra la democracia. Acompañamos y garantizamos que los colombianos puedan expresarse libre y pacíficamente. Pero nada justifica que esa expresión se transforme en violencia. Rechazamos con firmeza el ataque a nuestra Fuerza Pública, hombres… pic.twitter.com/yo96CO4JeW — Pedro Arnulfo Sanchez S. Orgullosamente Colombiano (@PedroSanchezCol) October 17, 2025 „Протестираме за нашиот суверенитет, против понатамошно мешање од страна на Соединетите Американски Држави, против сè во што се мешаа Соединетите Американски Држави, вклучувајќи го геноцидот врз Палестинците, нивното мешање во Латинска Америка и заканите што ги упатија во Карибите... против венецуелскиот боливарски модел“, рече Морено. Протестите започнаа во понеделник Групата започна протести во понеделник на различни локации, но насилството на Колумбијците ескалираше дури вчера. Левичарскиот претседател на Колумбија, Густаво Петро, кој имаше неколку судири со Трамп оваа година, објави на социјалната мрежа X дека „наредил максимална претпазливост со амбасадата на САД во Богота“. „Порадикална група ја нападна полицијата што ја обезбедува амбасадата, повредувајќи неколку млади луѓе со стрели“, додаде тој. Протестната група се согласи со Петро, но ја повика владата да изгради „антиимперијалистички фронт“.Тагови: Доналд Трамп Колумбијци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини повторно се соблече И покрај негативните коментари на социјалните мрежи, холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот. Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување. Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите. Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата: Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки. „Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter