СветПознат нарко- бос е пуштен од затвор во САД, Колумбијците го пречекаа како ѕвезда (ВИДЕО) Еден од легендарните колумбиски нарко босови и клучен оперативец на познатиот картел Меделин беше депортиран назад во Јужна Америка, откако отслужи 25 од неговите 30 години затвор во САД.Недолго потоа, Фабио Очоа (67) повторно бил слободен човек, објави агенцијата АП. Очоа пристигна во Богота со лет за депортација вчера попладне, облечен во скромна сива тренерка и носејќи лични работи во пластична кеса. Откако излегол од авионот, го пречекале имиграционите службеници облечени во панцири. Немало полиција на лице место за да го приведе. Очоаа беше пречекан во Богота како фудбалска или пејачка ѕвезда. Голем број луѓе сакаа да се ракуваат со Очоа, да го поздрават и да му посакаат добредојде. Legendary drug lord Fabio Ochoa is deported to Colombia and walks free after 20 years in US prisons https://t.co/DVFBq5430f — The Associated Press (@AP) December 24, 2024 Претставниците на имиграцијата му зеле отпечатоци од прсти и преку базата на податоци потврдиле дека Очоа не бил баран од колумбиските власти. Агенцијата за имиграција на земјата објави на социјалната мрежа Х дека Очоа е „ослободен да му се придружи на семејството“. „Ме наместија“, рече Очоа на прашањето на новинарите на аеродромот Ел Дорадо во Богота дали се кае за своите постапки. Поранешниот водач на картелот се насмевна додека ја гушкаше својата ќерка, која ја немаше видено седум години, и рече дека ќе оди во Меделин да живее со семејството. „Кошмарот заврши“, рече Очоа. Тој и неговите постари браќа собрале богатство кога кокаинот почнал да тече во САД кон крајот на 1970-тите и раните 1980-ти, според американските власти, до тој степен што во 1987 година биле вклучени на листата на милијардери на Форбс. Живеејќи во Мајами, Очоа водел центар за дистрибуција на картелот за кокаин некогаш управуван од Пабло Ескобар. Ескобар загина во престрелка со властите во Меделин во 1993 година. Очоа првпат беше обвинет во САД за неговата наводна улога во убиството на Бери Сил во 1986 година, американски пилот кој транспортирал кокаин за картелот Меделин, но станал доушник на Агенцијата за борба против дрогата (ДЕА). Заедно со неговите постари браќа, Хуан Давид и Хорхе Луис, Очоа им се предаде на колумбиските власти во раните 1990-ти, како дел од договорот за избегнување на американска екстрадиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветСеверна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA). Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена. Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“. Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг. 🚨BREAKING : 🇰🇵 North Korea conducts major weapons test, firing missiles equipped with cluster bomb warheads. https://t.co/NkoKygT80T — IRANIRGCC (@IRANIRGCC) November 3, 2026 Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица. Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици. Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед. „Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда. Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи. Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот. 🇺🇦 Ce 2 novembre 2026, une bien curieuse découverte suivie d'une confrontation importante a éclaté à Petropavlivska Borshchahivka, périphérie de Kiev, après la diffusion de témoignages et de vidéos sur les réseaux sociaux faisant état de la présence d'une quarantaine de militaires ukrainiens retenus dans le sous-sol d'une maison, où ils auraient été séquestrés, battus et torturés. Selon les premières accusations, certains détenus auraient subi de graves blessures, tandis que leurs proches auraient été empêchés de leur rendre visite et que des sommes d'argent auraient été réclamées pour obtenir leur libération. L'affaire prend une dimension très sensible cat l'unité occupant les lieux est le 14e régiment d'assaut de la Garde nationale ukrainienne, rattaché au 1er corps d'Azov. ⤵️ https://t.co/8oKc2fDJ2W — François-Xavier Consoli (@FranXavConsoli) November 3, 2026 Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец ! Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави! Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион. Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил . „Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце. Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час! 🇺🇸🇮🇷 Trump on Iran: "When was the last time we fired anything? This isn't a war. This is a very soft war": Speaking on the eve of the midterms, Trump said there has been no shooting for months. But hours before the interview aired, US forces reportedly struck Iranian air defenses on Qeshm Island in the Strait of Hormuz, after Iran fired a surface-to-air missile at a US jet. Trump also warned the US "might have to go after Pickaxe", Iran's suspected underground nuclear site, adding: "We can do that in, literally, one hour." How soft is a war with airstrikes? — Global Strategy (@World_At_War_6) November 3, 2026 Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00