3Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев
Шоу бизКолку пари Кејт Мидлтон троши на облека?Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, овие денови „Дејли Меил“ ја нарече кралица на “исплатливата гардероба“ бидејќи својата скапо платена роба, за разлика од другите ѕвезди, ја носи повеќе пати и така го извлекува максимумот на вредноста, пишува „Дејли Меил“.Иако некои од нејзините фустани и другите модни комбинации чинат нешто повеќе од просечните цени, факт е дека ги носи повеќе пати ја оправдува нивната цена. Британците тоа го пресметале водејќи се со логиката дека е подобро да се купи капут од 500 фунти и да се облече сто пати, што би се броело како 5 фунти по носење, отколку да купи јакна од 30 фунти и да ја облече два пати и да ја фрли во ѓубре. Кејт посебно се истакна носејќи облека за бремени жени која ја облекуваше во текот на претходните две бремености, а британските медиуми пресметале дека тие чинеле 16.25 фунти по носење. Сепак, како што се чини Британците со овие анализи по малку се тешат. Примерите кои ги навеле се вистинити, тука нема дилема, но пробајте да напишете на гугл пребарувачот за фотографии „Kate Middleton”, па ќе видите колку е неверојатно тешко да ја забележите војвотката во иста модна комбинација на две различни појавувања пред камерите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗДБременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата.Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата, но и натаму е мал бројот на оние кои се охрабруваат да пријават дискримнација. „Најголем акцент ние ставаме на бремените жени односно нивната заштита во областа на вработување кадешто Комисијата има добиено повеќе од 21 претставка во изминатите три години, претставки кои се однесуваат на дискриминација врз бремени жени кои имаат нерегулиран работен однос“-– Зекир Абдулов. Заменик претседателот на кломисијата Абдулов вели и дека секој што бил предмет на дискриминација може да поднесе пријава онлајн или лично во Комисијата. „Пред Комисијата граѓаните имаат можност да пријават дискриминација онлајн преку веб страната, формуларот е достапен меѓутоа сите можат да пријават и на лице место пред Комисијата со помош на асистент“, – Зекир Абдулов. Примери за нееднаков третман се бројни, а мегу нив велат од комисијата голем дел се однесуваат на интерсекциска дискриминација, каде истовремено се преплетуваат полот, родот, бременоста и мајчинството Во 2025 година, Комисијата утврдила вознемирување на бремена жена на работното место, која била изложена на понижувачки и сексистички коментари. Меѓу нив биле и ставови дека „жена не може да води оддел“, дека нејзиното место е дома и дека бремена жена не треба да раководи со мажи. Од Комисијата најавуваат и иницијатива до Владата и Собранието за законски измени со кои дополнително би се заштитиле бремените работнички, особено оние со договори на определено време. Оттаму посочуваат дека со години се чека ново законско решение, додека во пракса сè уште има случаи во кои договорите не им се продолжуваат токму поради бременоста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на августБез раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто. Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот. -Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%, Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЗдравјеДоцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина денаЗа десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози. Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип. Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б. Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври. Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook