Колку од препораките на оценската мисија ќе бидат спроведени од Судскиот совет?

По низата скандали и критики кои минатата година го потресоа Судскиот совет, нивен приоритет за наредниот период ќе биде спроведувањето на препораките на Европската унија и оценската мисија, која изготви 40 мерки за реформа на телото. 

Оваа заложба членовите на телото ја наведоа во годишниот извештај за 2023-та година кој ќе биде испратен до Собранието. Освен ова, претседателката Весна Дамева, кажа дека ќе се посветат на нивната основна обврска, односно дека се залагаат за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и инситуциите и ќе се спротистават на секое надворешно влијание.. Тие се пожалија дека поради ниските плати и услови голем дел од стручните соработници си заминале од советот, и побараа зголемување на нивниот буџет и обезбедување на финансиска незавиност.

„ Ова е еден од поважните Извтештаи бидејќи 2023 година за Судскиот совет беше многу тешка година и јас се надевам дека 2024 година ќе биде многу успешна година за некако на некој начин да ја покриеме во 2023 година.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

„ Знаеме сите дека недостаток на кадар не е единствената причина туку и недостаток на основни средства за работа ако ние сакаме ефикасност во работењето на СС мораме да имаме не само стручен кадар кој ќе обвозможи да се работи квалитетно и ефикасно туку да ги имаме и основните средства, што значи дека ние потенцираме дека имаме потреба од зголемен буџет, затоа треба да се вметне тоа “-Тања Чанчарева Илиевска – Член на Судски совет.

„ Јас се надевам на слух кај извршната власт кај законодавната да ни помогне на осамостојување финансиски така ќе бидеме осамостоени на секој друг начин“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Од вкупно 40 препораки кои дојдоа од ЕУ, 17 се во доменот на самиот Судски совет, додека за останатите 23 се потребни интервенции во Уставот и во законите кои ја регулираат конкретната материја. Ова лани во декември го кажа евроамбасадорот Гир, кој посочи дека без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Препораките предвидуваат кој се може да биде член на ова тело, точна дефиниција што е истакнат правник,начинот на кој тие се избираат и нивниот шест годишен мандат, кој се предлага да биде скратен, на дисциплинските постапки и разрешувањето на судиите, за транспарентноста во комуникациите со јавноста, како и на финансиската автономија на Советот.

Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“.

- Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години.

Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World. /МИА

притисни ентер