Колку мобилните телефони пречат во редовниот наставен процес? - Канал 5

Колку мобилните телефони пречат во редовниот наставен процес?

Одлуката да не користиме мобилни телефони на одморите не ни беше драга, раскажува Стефан Николовски ученик од деветто одделение ОУ Браќа Миладиновци Аеродром.

Колку мобилните телефони пречат во редовниот наставен процес?

„Тоа беше на почеток првите денови, сега можам да кажам дека навистина повеќе се дружиме и запознаваме меѓу себе без мобилни телефони. Сега се дружиме, на одморите играме шах, карти... навистина веќе стануваме и пријатели“, вели Стефан Николовски.

Секој ден учениците ги оставаат мобилните телефони кај обезбедувањето омилениот чичко Бранко тој ги заклучува шкафчињата и на крај од часовите внимателно ги враќа на секој ученик. Анета Велкоска објаснува дека идејата за ваквато одлука е негативното влијание на интернетот во идеи што доведувале и до повредување. Отпорот бил на почеток но резулатот има.

„Имавме отпор од ученици и родители, но верувајте кога имаат потреба децата да се слушнат со родителите ние сме тука целиот тим на наставници“, вели Анета Велкоска директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“

За психолозите интересно е што навиките се навистина тешки за одвикнување како што е држење мобилен во рака и на секоја нова порака потреба да се провери. Она што треба да се работи е создавање на комуникација. Потреба кога нема мобилен да се работи нешто друго.

„Се уште им е тешко кога ги оставаат, но и наставниците имаат улога децата да бидат оф лине, едноставно да имаат и создаваат други навики“, вели Соња Фортуманова психолог ОУ „Браќа Миладиновци“

Идејата за забрана на мобилни телефони во училиштата за време на одморите доаѓа по опасните по живот предизвици од страна на децата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци

​Дека Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и  државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите. 

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци

Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДС и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДС и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој.

Остана само талогот од СДС и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци.

Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен.

Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни.

За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. 

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување на реформите и зајакнување на институционалните капацитети.

Во своето обраќање, Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Тој нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, спроведувањето на реформите и целосното усогласување со вредностите и политиките на Европската Унија.

Осврнувајќи се на искуството на земјата во пристапниот процес, Сали оцени дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е еден од главните столбови на европската трансформација на државата, придонесувајќи за зајакнување на законодавството, економијата и администрацијата. Сепак, тој посочи дека главниот предизвик денес е ефективното спроведување на реформите, особено во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Сали ја поздрави визијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за поамбициозен модел на постепена интеграција, кој ќе им овозможи на земјите кандидати постепено вклучување во политиките, програмите и делови од Единствениот пазар на ЕУ пред членството. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да ги забрза подготовките, да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите и да ја зајакне довербата во процесот, додека крајната цел останува полноправното членство во Европската Унија.

Во овој контекст, Сали повика на покоординирана поддршка од земјите членки преку директна експертска помош, TAIEX, Твининг и подолгорочно ангажирање европски експерти во домашните институции. Тој истакна дека пристапниот процес мора да остане правичен, предвидлив и заснован на заслуги, така што резултатите и тешките политички одлуки ќе бидат проследени со конкретен напредок.

„Македонија ја избра Европа. Подготвени сме да го исполниме нашиот дел и очекуваме посветеноста, реформите и резултатите да бидат препознаени со напредок. Инвестирањето во нашите капацитети е инвестиција во идна земја членка и во посилна Европа“, истакна Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.

Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер