Колку долго трае акумулаторот: Зошто се расипува и како да и го продолжите животниот век? - Канал 5

Колку долго трае акумулаторот: Зошто се расипува и како да и го продолжите животниот век?

Акумулаторот е еден од најважните делови на автомобилот - дали знаете колку долго трае?

Колку долго трае акумулаторот: Зошто се расипува и како да и го продолжите животниот век?

Неисправноста на акумулаторот може да биде многу фрустрирачка за возачите, особено во постудените месеци што доаѓаат, кога овие делови од автомобилот покажуваат најголема слабост.

За жал, акумулаторот не трае вечно, едноставно затоа што, како и со секоја батерија, бројот на циклуси на полнење и празнење е ограничен.

Акумулаторот е особено оптоварен со тешки зими, бидејќи кога е студено, хемиските реакции внатре во батеријата се одвиваат побавно.

Со празнење се создава и олово сулфат во акумулаторот, кој формира кристали доколку тој не е целосно наполнет. Со текот на времето, овие кристали се спојуваат и создаваат сè поголеми наслаги, што ја намалува активната површина на електродите. Сето ова води до послаба работа.

По околу четири години, толку многу делови од акумулаторот стануваат неупотребливи што може да забележите значително намалување на перформансите.

Вибрациите за време на возењето може да предизвикаат кристали да паѓаат од електродите кои потоа формираат слој на дното на ќелијата, а ако стане доволно високо за да ги допре двете електроди, доаѓа до краток свој и батеријата трајно се уништува.

Звучи нелогично, но редовното чистење на автомобилот во зима всушност може да го продолжи животниот век на акумулаторот.

Причината за ова е што влажната нечистотија може да доведе до електричен краток спој што ќе предизвика малку празнење на батеријата. Во зима, исто така, не треба непотребно да ги загревате страничните ретровизори или задното стакло, бидејќи тоа многу ја оптоварува батеријата.

Исто така, вклучете ги големите потрошувачи само додека работи моторот, а меѓу нив се мултимедијалните и светлосните системи на автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Вистинска драма денеска се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле тричлено семејство од Бугарија.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал битолчанецот Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море и, според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле Михаил со силен аплауз.

Веста за храбриот Михаил ја пренесоа повеќе медиуми од регионот, со пофалби за потегот на младиот Македонец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Останува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон ќе остане во притвор откако новото барање за кауција беше одбиено од судот во Ливерпул. 

Останува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година

Почетокот на судењето, кое беше закажано за минатата недела, беше одложено за 8 март 2027 година.

Обвинение и судска одлука

Бартон беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди на Кевин Линч, што 44-годишниот поранешен фудбалер го негираше на суд и се изјасни за невин. Наводниот напад се случил на 8 март во Хајтон. Обвинителството тврди дека на инцидентот му претходело заедничко консумирање алкохол во локален голф клуб.

Според обвинението, Линч претрпел сериозни повреди на окото во нападот. Тој е поранешен тренер во пониска лига и основач на академија за специјално образование. Бартон се појави на рочиштето преку видео врска од затворот ХМП во Ливерпул. Откако судијата Дејвид Потер го одби барањето за кауција, Бартон само кимна со главата за да покаже дека ја разбира одлуката.

Следното прелиминарно рочиште е закажано за 11 декември оваа година, а се очекува главниот претрес да трае околу две недели. Потоа Бартон ќе добие шанса да ја презентира својата одбрана пред поротата.

Кариера и контроверзии

За време на неговата кариера, поранешниот играч од средниот ред беше почитуван поради неговите фудбалски вештини, но стана познат и по инцидентите надвор од теренот. Неговото однесување честопати привлекуваше исто толку медиумско внимание како и неговите игри.

Своите најдобри играчки години ги помина во Премиер лигата, каде што играше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли. Во Англија беше член на Евертон, а во странство го носеше дресот на Марсеј и Ренџерс. Одигра еден натпревар за англиската репрезентација, во 2007 година против Шпанија.

По завршувањето на играчката кариера, се префрли на тренерска работа. Ги водеше Флитвуд Таун и Бристол Роверс, но тој период од неговата кариера беше обележан и со јавни конфликти и дисциплински проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески.

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство.

Хипокризија во најчиста форма.

На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината.

Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди.

И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител.

Ова не е државнички говор.

Ова е отворена закана.

Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита.

Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа - криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите.

Граѓаните не се талог.

Опозицијата не е талог.

Критичарите не се талог.

Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста.

СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку.

Народот ќе победи.

Криминалците ќе одговараат.

Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер