МФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија
2МФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
1Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
БалканКолинда Грабар-Китаровиќ оперирана, закрепнувањето ќе трае повеќе месециПоранешната претседателка на Република Хрватска и членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Колинда Грабар-Китаровиќ е оперирана денеска во Клиничкиот болнички центар во Загреб.Таа имала операција на дискус хернија на цервикалниот ’рбетм, а како што пишува „Јутарњи лист“ операцијата поминала добро и во сабота Грабар-Китаровиќ ќе биде пуштена од болница. Закрепнувањето од операцијата ќе трае повеќе месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!, порача преку Фејсбук, првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев. На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари. Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика. Извршено е тампонирање на теренот, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед, додека во наредната фаза е предвидено поставување на осветлувањето на картинг центарот. Новиот Картинг центар ќе претставува дополнителна атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на градот и ќе отвори нови можности за спорт, рекреација и забава. Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, современа инфраструктура и содржини за сите генерации!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПотпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 годинаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка .Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија за периодот 2026–2028 година. Со Планот се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес. Планот предвидува размена на информации и искуства, размена на специјалисти за обуки и консултации, учество на научни и медицински настани, реализација на заеднички научни и практични проекти, како и соработка при организирање курсеви и семинари. Како приоритетни области на соработка се утврдени примарна и специјализирана медицинска заштита, болничка здравствена заштита, превенција и контрола на заразните и незаразните болести, како и епидемиолошки надзор, медицинска статистика, организација на здравствен одговор при вонредни состојби, електронско здравство, како и други области од заемен интерес. Во рамки на посетата на Софија, министерот Клековски го посети и Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, особено во делот на неонатологијата и грижата за новороденчињата. Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и рано откривање состојби кај новороденчињата. „Мајчин дом“ располага со најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема, додека Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања. Потпишувањето на Планот за соработка претставува дополнителен чекор во јакнењето на добрососедските односи и институционалната соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаења и добри практики и унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓанитеТагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ФудбалГолманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена Голманот на Челзи Емилијано Мартинез имаше успешна операција на скршена вилица, а во порака до навивачите најави дека ќе се врати на терените за неколку недели.Емилијано Мартинез се огласи од болница по операцијата на вилицата, која ја скрши при жесток судир за време на натпреварот во кој Челзи победи на гости кај Евертон со 2-0. Аргентинскиот голман се здоби со повредата во саботата, кога се обиде да интервенира по нафрлена топка од прекин, при што се судри со дефанзивецот на Евертон, Џарад Брантвејт. Двајцата играчи останаа на теренот, а натпреварот беше прекинат десетина минути додека им се укажуваше лекарска помош. Потоа, Мартинез беше изнесен на носила и префрлен во болница. Дополнителните прегледи покажаа дека Аргентинецот се здобил со скршена вилица, поради што вчера морал да биде подложен на операција. „Голманот Емилијано Мартинез имаше успешна операција на скршена вилица. Тој се повреди при судир во средината на второто полувреме од нашата победа над Евертон. Беше пренесен во болница на дополнителни испитувања, кои потврдија скршеница што бараше хируршка интервенција. Сите во Челзи му посакуваат на Еми брзо закрепнување и ќе му пружат целосна поддршка“, соопштија од клубот. Мартинез веќе размислува за своето враќање. По зафатот, голманот им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, изразувајќи благодарност за поддршката и истакнувајќи го резултатот на својот тим. „Ви благодарам на сите за пораките. Операцијата помина добро. Најважно е што победивме и што ја зачувавме мрежата недопрена. Ќе се вратам за неколку недели“, изјави Мартинез. Точниот датум за неговото враќање сè уште не е потврден. Аргентинецот очекува да отсуствува неколку недели, а кога повторно ќе застане на голот, најверојатно ќе мора да носи заштитна маска.Тагови: Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01