Колева од Струмица: Жените се движечка сила, денес поставуваме нови цели и правиме чекор напред - Канал 5

Колева од Струмица: Жените се движечка сила, денес поставуваме нови цели и правиме чекор напред

Денес, маршираме рамноправни, исправени пред сите предизвици, затоа што само ние умееме достоинствено да станеме и заедно да дадеме чекор напред, маршираме за правда и мир, за секоја жена да се чувствува сигурна и безбедна.

Колева од Струмица: Жените се движечка сила, денес поставуваме нови цели и правиме чекор напред

Денес, маршираме рамноправни, исправени пред сите предизвици, затоа што само ние умееме достоинствено да станеме и заедно да дадеме чекор напред, маршираме за правда и мир, за секоја жена да се чувствува сигурна и безбедна и во семејството и во заедницата, порача претседаелката на Форумот на жени, Даниела Колева, од денешниот Осмомартовски марш во Струмица.

Овој традиционален марш се одржува веќе десет години, а оваа година под слоганот „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“.

„Денес е денот кога ги славиме насиште успеси, кога се потсетуваме на патот кој го поминале жените низ историјата и предизвиците со кои се соочувале во секој аспект од животот, од платената нееднаквост, преку ограничените можности во политиката и економијата, до насилството што го трпат. Но, важно е да се знае дека ние не сме сами во оваа борба. Мажите покажаа дека ја знаат нивната важност во борбата за рамноправност. Без нивната поддршка, без нивното активно учество и партнерство во рушењето на стереотипите и поддршката на нашите права, напредокот ќе биде ограничен“, рече Колева.

Во обраќањето Колева посочи дека жената социјалдемократка е силна, храбра, посветена, решителна и непоколеблива, а ставот е секогаш јасен, нема преговори кога станува збор за правата на жените.

„Посветени сме на борбата за уште поголема политичка и економска застапеност. Нашата мисија не е само да бараме рамноправност, туку и активно да работиме на создавање услови за жените да водат, да раководат и да бидат одлучувачки фактори во донесувањето на важни одлуки кои се однесуваат на нашиот живот и иднина.Ова е денот кога ја славиме нашата храброст, нашиот напор и истрајност, и нашите достигнувања. Но, ова е ден кога поставуваме нови цели и правиме чекор напред“ рече Колева, и додаде дека овој ден не е само честитка, туку и поттик да продолжиме да се бориме за рамноправност, да не дозволиме никој да не поколеба и застане, да бидеме здружени и решителни, можеме и мораме да го направиме светот подобро место, не само за нас, туку и за идните генерации.

YouTube video

Скопје, 8 март 2025

СДСМ

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер