Колемишевски: За само 2.5 години СДСМ ја зголеми минималната плата за 5.500, а просечната за околу 4000 денари

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна партија отсекогаш работела исклучиво во интерес на граѓаните и државата,рече Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.

За тоа говорат бројните реализирани мерки и политики од кои директни придобивки имаат граѓаните.

Во економијата се зборува низ бројки и факти , па затоа и денес ќе зборуваме во таа насока. Каква состојба остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, а што направи СДСМ за само 2.5 години, скратен мандат.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари.

Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.

Ако се навратиме наназад седум години во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ односно од 2010 година кога просечната плата изнесувала 21.454 денари, таа во 2016 година достигнала 22.808 денари или тоа е раст од 2003 денари за цели седум години.

Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари или поточно 4.028 денари.

Разликата е очигледна, бројките потврдуваат дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ за цели седум години просечната плата пораснала 2.000 денари, а со СДСМ за само 2.5 години 4.000 денари.

Ова се бројки и факти за скратениот мандат на СДСМ или за само 2.5 години.

По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата.

Истовремено, членството во НАТО ќе биде ветер во грбот за нашата економија, а придобивки ќе имаат и државата и граѓаните. Затоа што НАТО значи безбедност и стабилност ,но и повеќе странски и домашни инвестиции.

Продолжуваме по патот на градење на европска и просперитетна Македонија, рече Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер