Која прва ќе го гризне сендвичот- бизарна борба во ринг ги „запали“ мрежите (ВИДЕО) - Канал 5

Која прва ќе го гризне сендвичот- бизарна борба во ринг ги „запали“ мрежите (ВИДЕО)

На интернет кружи бизарна снимка од „тепачка“ на две жени во боксерски ринг, која никого не остава рамнодушен, покренува многу прашања, а малку одговори.

Која прва ќе го гризне сендвичот- бизарна борба во ринг ги „запали“ мрежите (ВИДЕО)

Пред „борбата“, оскудно облечениот судија ја изрекува реченицата: „Првата што ќе го гризне сендвичот победува“. Ова го означува почетокот на лудиот спектакл, пренесува Daily Star.

Правилата се едноставни. Рацете на натпреварувачките им се врзани, па мора да се туркаат низ рингот, а таа што прва ќе го касне сендвичот (виси на врвка), победува.

Судијата е присутен за да се погрижи сѐ да се одвива во спортски дух, а во еден момент ѝ додели жолт картон на едната поради „прекумерна употреба на сила“.

„Тие се блиску до сендвичот... Сега се многу... хм... далеку од него. Сега тие се повторно блиску. Само еден залак, толку е потребно“, вели еден од коментаторите.

Бизарната снимка привлече голем број гледачи, а повеќето од нив беа воодушевени и расположени за шега.

„Што е ова и каде можам да се обложувам“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Ова изгледа како нечиј фетиш“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република

 Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.

Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република

Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти.

Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“.

Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мореира во Милан за 50 милиони евра

 Лев бек на Стразбур и белгиски репрезентативец, 22 - годишниот Диего Мореира му се приклучи на Милан. 

Мореира во Милан за 50 милиони евра

Италијанскиот клуб плаќа фиксна сума од 50 милиони евра за Мореира, при што францускиот клуб би можел да добие дополнителни 16 милиони евра преку бонуси. Во договорот е вклучена и клаузула за процент од идна продажба.

Од оваа продажба ќе профитира и Челзи, бидејќи Мореира го напушти клубот и премина во Стразбур пред две години за 8,5 милиони евра, плус клаузула за процент од идна продажба.

Според „Трансфермаркт“ (Transfermarkt), пазарната вредност на Мореира изнесува 25 милиони евра. Тој забележа седум гола и 16 асистенции на 76 натпревари за Стразбур. Има одиграно четири натпревари за репрезентацијата на Белгија, вклучително и еден на неодамнешното Светско првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

20 гастрономски приказни на aero street food festival 2026: скопје ќе вкуси нешто поинакво!

Од такоси, суши и сочни бургери до свежа паста, фокача, сутлијаш и сладолед – паркот „Авионче“ во Општина Аеродром, од 4 до 8 септември, ќе биде највкусната точка во градот.

20 гастрономски приказни на aero street food festival 2026: скопје ќе вкуси нешто поинакво!

Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе се претвори во голема кујна под отворено небо, исполнета со мирисот на свежо подготвена храна, жешки скари и специјалитети од различни светски кујни.

На второто издание на AERO Street Food Festival ќе учествуваат 20 гастрономски брендови, со понуда што се движи од традиционални специјалитети до современи интерпретации на најпопуларните јадења од уличната гастрономија.

„Нашата цел е фестивалот да прерасне во препознатлива градска традиција и место на кое се спојуваат квалитетната храна, домашната музика и добрата енергија. Оваа година фестивалот е поголем, поразновиден и содржински побогат, а учеството на 20 гастрономски брендови е потврда дека заедно создаваме настан што носи вистинска вредност за Аеродром и за цело Скопје. Особено ни значи поддршката од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаа нашата визија и потенцијалот на фестивалот“, изјави Дарко Панчевски, организатор на AERO Street Food Festival.

За љубителите на мексиканските вкусови, Mustacos и 11: Eleven ќе подготвуваат такоси исполнети со богати комбинации од свежи состојки, сосови и зачини. Оние што претпочитаат лесни, прецизно подготвени и визуелно впечатливи залчиња ќе можат да уживаат во сушито на Loras Sushi.

Бургерите – ѕвезди на уличната гастрономија

Со свои уникатни комбинации ќе се претстават Fat Kitchen, Burgerslut, Jojo’s BBQ, Oljo’s и Smash Burger. Од класични до богато наполнети бургери и сендвичи, секој бренд ќе донесе сопствен вкус и стил.

Jojo’s BBQ дополнително ќе понуди хот-дог, Noa Gyradiko ќе внесе медитерански дух со свежо подготвено гиро, а Жешко компирче ќе служи топол печен компир со путер и разновидни прилози по избор.

Италијански и традиционални вкусови

Вкусот на Италија ќе пристигне преку свежата паста и кросаните на Bistro 64, ароматичната фокача на Sorelle и пиците на „15 за 12“ и Pizza Vice City.

Во понудата ќе се најдат и традиционалните кебапи на Дестан – добро познат гастрономски симбол што со генерации ги собира луѓето околу иста маса.

Слатко финале

За освежување со сладолед ќе се погрижат Scoop и Sweet Look, додека Milkey ќе подготвува палачинки со препознатливиот мирис на детството.

Фестивалското мени ќе го дополнат кремастиот десерт на Сутлијаш бар и топлото, ароматично печиво со крцкава кора од Трансилваниско трдло.

„AERO Street Food Festival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации.

Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром.

Од првиот залак до последната лажичка десерт, посетителите ќе можат да избираат меѓу такоси, суши, бургери, сендвичи, хот-дог, гиро, печен компир, паста, кросани, фокача, пица, кебапи, палачинки, сутлијаш и сладолед – придружени со богата програма на македонски музички изведувачи.

AERO Street Food Festival е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои го препознаа неговото значење за промоцијата на домашната музика и локалната гастрономија, како и за збогатувањето на културната и забавната понуда на градот.

Од 4 до 8 септември, Скопје ќе мириса поинаку, Аеродром ќе вкуси поинаку, а паркот „Авионче“ ќе стане најголемата трпеза во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер