Која е Светлана, наводната љубовница на Путин со 100 милиони долари вреден имот? - Канал 5

Која е Светлана, наводната љубовница на Путин со 100 милиони долари вреден имот?

Името на наводната љубовница на Путин, Светлана Кривоногих, се појавило во „Пандорините документи“, а руските медиуми пишувале дека имала дете со него.

Која е Светлана, наводната љубовница на Путин со 100 милиони долари вреден имот?

Нема многу јавно достапни информации за мистериозната Русинка, но, според претходно напишаното во руските медиуми, таа е жена со скромно потекло, која го запознала Путин во 90 -тите години. Познато е дека студирала економија и работела како чистачка во продавница, а „Проект“ пишува дека има ќерка со Путин.

„Не се сеќавам дека некогаш сум ја видел на час, дури и не се сеќавам дека сум ја видел на промоција“, рекле колегите од факултетот во една прилика. Дипломирала наводно во 2000 година, кога нејзиниот живот почнал драстично да се менува.

Во 2020 година, било напишано дека 46-годишната жена живее во луксузна населба во Санкт Петербург и дека Путин редовно ја опсипува со скапи подароци. Наводно, таа пораснала во тој град, „опкружена со криминалното подземје“, пишува Проект, и рано го загубила својот татко.

Нејзините соседи за Проект велат дека „непознат филантроп поврзан со владата“ се појавил во нејзиниот живот кон крајот на 1990 -тите, но никој не може да го каже неговото име.

"На 4 јануари 1999 година, авионот за Москва полета од Пулково. На чело на авионот, на седиштата 5А и 5Б, седеше Путин, тогашен директор на Федералната служба за безбедност, и неговиот познаник од работа, Виктор Золотов. Пред нив, на седиштето 1Б, седеше Светлана Кривоногих. Случајно или не, Кривоногих го купила билетот седум или осум минути пред Золотов и Путин.", пишува Проект за настан што ги натерал многумина да ја сметаат оваа мистериозна жена за една од најблиските луѓе на Путин.

Нивната врска, пишуваат Русите, започнала во 1990 -тите, пред Путин да биде избран за претседател, и продолжила до раните 2000 -ти. Некаде кон крајот на последната деценија, според изворите на Проект, тие најверојатно раскинале.

Светлана родила ќерка во 2003 година. Во копиите од документите добиени од Проект, таткото на Елизавета Кривоногих не е наведен, но веднаш до нејзиното име е - Владимировна.

Минатата година, портпаролот на Путин, Димитриј Песков, очекувано, ги негирал тврдењата на Проект за врската на Путин со Кривоногих и татковството на нејзината ќерка. Но, новите наоди од Пандорините документи се имплицитна потврда дека дотогаш сиромашната Русинка станала неверојатно богата откако станала блиска со Путин.

Нејзината ќерка, која сега има 18 години, предизвикала шпекулации за нејзиниот вистински татко. Таа самата признала дека е крајно слична на Путин, но одбила да потврди или негира дека Путин е нејзиниот татко.

Пандорините документи откриле дека Светлана поседува имот вреден дури 100 милиони долари, вклучувајќи луксузен имот во Монако вреден 4 милиони долари. Апартманот што го купила Кривоногих се наоѓа во луксузниот комплекс Монте Карло Стар и гледа на Средоземното Море, веднаш под познатото казино Монте Карло, познато од филмовите за Џејмс Бонд.

Светлана не е единствената жена која со години се поврзува со Путин. Истото се шпекулира и за поранешната руска гимнастичарка Алина Кабаева. Алина неодамна родила близнаци за кои многумина тврдат дека им е татко Путин.

Во мај 2019 година, било објавено дека целиот кат на гинеколошката болница е испразнет со цел тајно да се породи убава гимнастичарка. "Разузнавачките служби го проверуваа секој агол од болницата пред нејзиното пристигнување, а половина од медицинскиот тим беше протеран. Раѓањето го изврши познат лекар од Италија, и тој мораше да направи царски рез", изјавил рускиот новинар Сергеј Канев, близок до руските разузнавачки служби.

Кон крајот на 2018 година, Путин одговарал на прашање за бракот, а Дејли Мејл тогаш рече дека многумина претпоставуваат дека Кабаева самата успеала да го натера Путин да го постави ова прашање јавно за да го охрабри да се ожени со неа.

„Кога имате намера да се ожените и со кого?, праша новинарот на таблоидот Лајф Њуз.

Путин се насмевнал на тоа и одговорил:

„Како и секоја пристојна личност, и јас ќе треба да го сторам тоа порано или подоцна.“

Патем, во 2014 година, Путин официјално се разведе од сопругата Људмила, од која живееше одделно неколку години. Во брак биле речиси 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Италијанската влада донесе декрет со законска сила кој предвидува поголемо домашно производство на нафта и гас за да се намали зависноста од увоз.

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Декретот предвидува мерки за поттикнување на производството, вклучително и назначување на владини комесари кои треба да им помогнат на регионите да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводород.

Мелони: Побрзи дозволи и помалку увоз

„Сакаме да продолжиме да го зголемуваме домашното производство на нафта и гас бидејќи нема многу смисла да се купува таа енергија од странство кога можеме да ја произведуваме тука во Италија“, рече премиерката Џорџија Мелони во видео порака во четврток, додавајќи дека токму тоа е целта на мерката одобрена од Советот на министри.

Регулативата содржи „итни мерки поврзани со цените на нафтата, со оглед на моменталната криза на меѓународните пазари, како и стратешката енергетска инфраструктура и активности“. Рим ќе може да назначува комесари кои ќе им помогнат на регионите да ги намалат административните пречки и значително да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводороди, рече Мелони.

„Италија не може да си дозволи да чека децении за да се реши концесијата“, нагласи таа.

Очекувани ефекти врз економијата

Владата го гледа зголемувањето на домашното производство како инструмент за намалување на трошоците за енергија за домаќинствата и бизнисите, зајакнување на енергетската безбедност и ублажување на изложеноста на промените во цените на увезените горива.

Повисокото производство треба да донесе и приходи од концесиски надоместоци и бенефиции за економијата и нови работни места во регионите каде што ќе се вади нафта и гас, а во исто време да се зголеми безбедноста на снабдувањето и да се намали зависноста од увоз, бидејќи промените во цените на увезените енергетски производи ја оптоваруваат економијата и јавните финансии, забележува деловниот весник „Il Sole 24 Ore“.

Клучни наоѓалишта: Вал д'Агри и Арго-Касиопеа

Порталот “Milano Finanza’ наведува дека мерките ќе ги опфатат и домашните копнени наоѓалишта, како што е Вал д'Агри, кој произведува околу 85 проценти од суровата нафта на Италија и 30 проценти од нејзиниот гас, и крајбрежните наоѓалишта како што е Арго-Касиопеа во Сицилијанскиот канал.

Италијанската подружница на „Шел“, која поседува 25 проценти од акциите во полињата Вал д'Агри и Темпа Роса, оваа пролет изјави дека доколку бидат одобрени нови бунари, Вал д'Агри би можел да го удвои сегашното производство од околу 40.000 до 80.000 барели нафта дневно, објави „Алијанс њуз“, забележувајќи дека капацитетот се проценува на 120.000 барели дневно.

Реакции на опозицијата

Овој потег веќе предизвика критики од опозицијата. Лидерот на партијата Зелено-левичарска Алијанса (AVS), Никола Фратоани, изјави дека лобистите за нафта и гас „го освоиле Палацо Чиги“, седиштето на италијанската влада.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница

На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски. 

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница

Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер