Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
2Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветКоја е мистеризоната убавица на гала вечерата во Виндзор- не крие дека го обожува Трамп Голферката Чарли Хал, која стана вирален гламур, привлече внимание на државниот банкет одржан во чест на Доналд Трамп во замокот Виндзор.Ѕвездата на LPGA турнејата, Чарли Хал, го замени голф теренот со балската сала во кралскиот замок Виндзор, каде што присуствуваше на раскошен банкет вчера вечерта по повод државната посета на американскиот претседател на Велика Британија, објави Дејли Меил. Американскиот претседател Трамп (79) и првата дама Меланија им се придружија на неговата ќерка Тифани Трамп и нејзиниот сопруг, бизнис директорот Мајкл Булос, додека нивните домаќини, кралот Чарлс III и кралицата Камила, ги почастија со блескав државен банкет. Британската голферка Хал, која неодамна го освои првенството Крогер Квин Сити, и легендата за голф Сер Ник Фалдо беа меѓу 160-те гости во замокот Виндзор. Viral glamorous golfer Charley Hull turns heads as she attends Trump's state banquet at Windsor Castle https://t.co/eqccanqkzn — Daily Mail (@DailyMail) September 18, 2025 Само неколку дена по нејзиниот триумф, Хал, која стана вирална поради пушењето за време на натпреварот, сподели гламурозна фотографија на Инстаграм, каде што блескаше во елегантен златен фустан. Таа го надополни софистицираниот изглед со класични дијамантски обетки, додека нејзината платинеста руса коса ја носеше во неуредна пунџа. 29-годишната девојка од Кетеринг, Англија, претходно јавно го пофали Трамп, дури и повика да биде избран за премиер на Обединетото Кралство. „Го сакам Трамп“, рече Хал минатата година, додавајќи: „Мислам дека е брилијантен. Ми се допаѓа начинот на кој едноставно ги кажува работите, не му е гајле што мислат луѓето и е директен. Би сакала да го видам како го води Обединетото Кралство. Едноставно го сакам како личност. Тој е малку подобар од нашиот премиер.“ Изјавата подоцна беше објавена на Фокс њуз, која американскиот претседател со задоволство ја сподели на својата мрежа Truth Social. Рангирана на 10-то место во светот, Хал го изведе и познатиот „Танц на Трамп“, серија бесконечни, отсечени движења на рацете што претседателот ги направи познати за време на минатогодишната изборна кампања. Хал долго време се сметаше за идна ѕвезда во светот на голфот, играјќи на бројни аматерски турнири како тинејџерка. Голфот е омилен спорт и на Трамп.Тагови: Виндзор Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаФилипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде МицкоскиБалканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција. Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се сигнал дека системот на поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумите постепено се распаѓа. „Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче. Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредува за поврзаноста на власта на Мицкоски со политичките и бизнис-структури во регионот, додавајќи ВМРО го следи моделот на Српската напредна странка, а Александар Вучиќ е политичкиот ментор на Мицкоски. „Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека зад ваквиот модел стојат бизнис-интереси, особено во енергетиката, трговијата со електрична енергија и финансискиот сектор. Тој потсети на врските со компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска и Душан Адамовиќ, влезот на Алта банка, поврзаноста на луѓе од српската власт со наркобизнисот и релациите со компании во Македонија блиски до премиерот Мицкоски. „Пет тони дрога во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче. Во делот на медиумите, Филипче нагласи дека на медиумскиот пазар во Македонија, власта овозможи влез на српските медиуми „Алo“ и „Еуроњуз“, без соодветна регистрација и тие служат за ширење пропаганда и дискредитирање на политичките противници. „Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас “, рече Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанијаПатолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија.Филипче излажа дека поседува автомобил од 6.000 евра, или директно призна дека поседува уште едно моторно возило, но не му е пријавено во анкетниот лист. За овој потег, очекуваме истрага на надлежните институции. Почитувани граѓани, Венко Филипче е патолошки лажго и лаже дури и за најмали ситници. Ги лаже граѓаните денес во опозиција, исто како што ги лажеше додека беше на власт. Филипче е човек на кој не може да му се верува. Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и се сликаше со него, и што ли уште не излажа. Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина. Затоа и дури и во своите редови не му веруваат. Но не му веруваат ниту граѓаните. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЕХО 17 започнува вечерва со приказната за светскиот рекорд во Врело и филмот за Том ФростВечерва во Кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар започнува 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм.На отворањето, публиката ќе има можност да нурне во длабочините на подводната пештера Врело и да ја слушне приказната за експедицијата што ја истражи до рекордни 338 метри. За искуството, подготовките и предизвиците на ова истражување ќе зборуваат дел од нуркачите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. По презентацијата ќе бидат доделени три фестивалски признанија. Со нив ЕХО оддава благодарност за активности што инспирираат повторно вљубување во Македонија, откривање и заштита на нејзините природни богатства и создавање нови генерации вљубеници во природата и планините. По паузата, во 20:30 часот, започнува Frost: The Story of a Lifetime – отворачкиот филм на фестивалската програма и последниот филм на вечерта. Документарецот е посветен на Том Фрост, легендарен алпинист и една од клучните личности во историјата на модерното качување. ЕХО 17 продолжува до 30 октомври со 49 филмови, презентации и средби со домашни и странски гости, посветени на планините, природата, авантурата и културата. Со почит, Тимот на ЕХОТагови: ЕХО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter