Кој, зошто и колкав период биле прислушувани обвинителите?

Јавното обвинителство обелодени дека од 30 септември 2016 година, па досега во два хард диска се снимала целата телефонска комуникација преку фиксната мрежа во институцијата.

Новата афера со прислушкувањето на телефонските централи на Основното јавното обвиниотелство ја ставам во контекст на претходните афери од претходната власт оти тајмингот се поклопува опремата е набавена 2013 година вели поранешниот разузнувач Александар Диневски.

Според Диневски прислушкувањето на една од најважните инститиции во државата е многу опасно, мора да се види кој и за кави потреби го активирал сниомањето и во чии раце се тие материјали. Постои опасност тие материјали да биле користени од криминални структири.

Јавното обвинителство обелодени дека од 30 септември 2016 година, па досега во два хард диска се снимала целата телефонска комуникација преку фиксната мрежа во институцијата.Тоа се случувало без знаење на јавниот обвинител Љубомир Јовески, а процесот е во предистражна постапка.

Во тоа време јавен обвинител беше Марко Зврлевски. Таква телефонска централа имало и во Основниот суд Скопје 1, но според сознанијата на Владата, таа не била ставена во функција.

Премиерот Зоран Заев вината ја лоцираше кај раководните лица во институциите кои одлучуваат како ќе се употребува вградената телефонска централа. Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да даде оставка од функцијата.

Од СДСМ пак, побараа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата да одговорат за нивната улога во нелегалното прислушување.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер