Кој и зошто постави метален двоглав орел на највисокиот врв во Македонија, Кораб? - Канал 5

Кој и зошто постави метален двоглав орел на највисокиот врв во Македонија, Кораб?

Според Доневски двоглавиот орел е поставен од неидентификувана група која вели има за цел да провоцира, а на ова место  претходно многу пати било поставувано македонското, но и албанското знаме од страна на планинарите од двете земји. 

Кој и зошто постави метален двоглав орел на највисокиот врв во Македонија, Кораб?

На социјалните мрежи кружи фотографија од двоглав орел поставен на врвот на Кораб од планинари кои ги искачиле врвот. Симболот е поставен на местото каде што претходно стоело македонското знаме. Од планинарскиот клуб „I love hiking Macedonia“ за Канал 5 потврдија дека двоглавиот орел кој е симбол на албанското знаме, навистина е поставен на врвот на Кораб. Оттаму ни објаснија и дека ова се случило на 6 септември, за време на традиционалното искачување на Кораб, и тоа по повод денот на независноста - 8 септември.

– Само што нашите водачи ги спуштија сите, односно како крај завршува нашето традиционално искачување, се спуштаме сите, и од доле се виде всушсност дека уствари се ставаат други знамиња нашето беше тргнато. И имаше нешто како за поставување, тоа ни го кажаа последните водачи што беа. И потоа во наредниот ден, два отидоа некои групи од Србија, се качуваа, некои наши планинари исто така, и ни пуштија слика дека во тој момент бил монтиран орел на самата граница меѓу Албанија и Македонија. изјави Дејан Доневски, претседател на планинарски клуб „I love hiking Macedonia“.

Доневски објаснува дека проблемот е во законот за одбележување на граница и дека двете влади треба да го решат тој проблем.

– Се сруши тој камен па се постави триаголник, на триаголникот немаше ништо закачено, како доаѓаа планинари си ставаа свои симоболи – ние си стававме наше знаме, тие си ставаа нивно, немаа никаков проблем и тие, но потоа, се увиде група која работи убаво на тој случај цело време го трга нашето знаме, става само нивно. Според мене се тоа е незаконски, поради тоа што си има закон за бележење на граница, во тој закон мислам дека треба да учествуваат двете влади, тоа е многу голем чекор, нели за да се направи нешти треба многу да се потегне работата. изјави Дејан Доневски, претседател на планинарски клуб „I love hiking Macedonia“.

И полицијата е запозната со случајот. Оттаму за канал 5 велат дека во координација со македонските планинарски друштва, случајот се испитува.

-МВР е запознаено со информацијата. Во координација со планинарските друштва и надлежните институции се проверуваат околностите поврзани со поставувањето на обележјето. Согласно досегашните информации, истото е поставено на другата страна од врвот на Кораб, односно надвор од територијата на Македонија. – МВР

Ова не е прв случај со поставување и отстранување на државно знаме на Кораб – Во јуни 2024 година планинари од Албанија го тргнаа македонското знаме и објавија видео со албанското знаме на врвот. По овој случај реагираше полицијата, а набргу потоа македонското знаме повторно беше поставено на врвот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности:

„Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните.

Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори.

Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.

Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Во петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска Коневска

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. корнфлекс од какао

250 гр. маргарин

200 гр. чоколадо за готвење

150 гр. шеќер во прав

150 гр. сусам

150 гр. сецкани ореви

8 големи лажици мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво.

Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер