Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
КултураКој е точниот датум на прославата на БожикВо периодот околу божикните празници редовно станува актуелна темата за датумот на прославата на Рождеството Христово, зошто кај нас се слави на еден датум (7 јануари), а во западниот свет на друг датум (25 декември)? 7 јануари 2026 Во периодот околу божикните празници редовно станува актуелна темата за датумот на прославата на Рождеството Христово, зошто кај нас се слави на еден датум (7 јануари), а во западниот свет на друг датум (25 декември)? Па дури и некои православни земји, како соседните Грција и Бугарија, празнуваат на различен ден од нас. Не отсуствуваат ниту дебати, ниту разни текстови на оваа тема во македонската јавност. Сепак, во дискусиите што ги имам видено, аргументите на онаа страна која смета дека е добро и ние да се приклониме кон новиот календарски стил обично се сведуваат на тоа дека така треба затоа што така прават другите, така прави цивилизираниот западен свет, небаре само уште календарот да го смениме и ќе се доближиме до земјите на кои би сакале да се угледаме, можеби дури и без да мора да се справиме со другите предизвици во нашето општество, како владеењето на правото, работничките права или корупцијата и непотизмот. Другата страна, пак, вообичаено држи до тоа дека стариот календарски стил е одлика на нашата Православна црква, и дека тоа е традиција која нема потреба да се менува. Не се малку ниту оние кои сметаат дека менувањето на календарот е еднакво на менување на верата, од православна во неправославна, а дел од нив се чини дека веруваат дека јулијанскиот календар е востановен од Православната црква, како што е грегоријанскиот од Римокатоличката. Основни поими Нашата Православна црква богослужбениот живот го раководи според јулијанскиот календар, популарно наречен „стар календар“ или „стар стил“. Тој календар сега „доцни“ 13 дена зад „новиот“ грегоријански календар што е во најширока употреба во светот. Па така, кога според грегоријанскиот календар е 7 јануари, според јулијанскиот календар датумот е 25 декември. Значи, и Православната црква смета дека датумот за прослава на Божик е 25 декември, само што тој ден не се поклопува со календарот што секојдневно го користиме. Јулијанскиот календар своето име го добива според Гај Јулиј Цезар, римскиот владетел, кој го востановил овој календар како официјален во Римската држава во 46 година пред Христа. Овој календар се базира на тогашното научно согледување дека една година, односно периодот на една револуција на Земјата околу Сонцето, изнесува 365 дена и 6 часа. Тие 6 часа во рок од четири години прават еден цел ден, и тој ден се додава во престапната година, која заради тоа има 366 дена. Христијанската црква, која се развила токму на територијата на Римската држава, едноставно го прифатила државниот календар и според него ги пресметувала своите празници. Пресметување на датумот на празнување на Воскресението Христово Единствено во однос на пресметувањето на најголемиот празник во христијанската вера, Воскресението Христово – Пасха, Велигден, црквата одредила посебни правила и канони. Уште на Првиот вселенски собор, во 325 година, во Никеја, е утврдено дека се забранува прослава на Воскресението Христово во ист ден кога се празнува еврејската Пасха, пред пролетната рамноденица. До Соборот веќе била воспоставена праксата Велигден да се празнува во недела – денот на Воскресението Христово, и тоа не било променето на Соборот, а не е променето ниту до денес. И денес го славиме Велигден не на фиксен датум, туку секогаш во недела, после полната месечина по пролетната рамноденица. (Полната месечина во приказнава е поврзана со одредбата за еврејската Пасха: еврејската Пасха се празнува на 14-от ден од месецот нисан; нисан е првиот пролетен месец во северната хемисфера; бидејќи во еврејскиот календар месеците доследно ги следат месечевите мени, 14-от ден од месецот нисан секогаш има полна месечина.) На тој начин, прославата на Христовото Воскресение Светите Отци ја врзале не за еден или за друг календар, кои се устроени од луѓето и, како што ќе видиме понатаму, се само приближно точни и се подложни на грешки, туку за движењето на небесните тела, кое е устроено од Бога. Пресметувањето на датумите на Пасха во тоа време ѝ било доверено на Александриската Патријаршија, бидејќи таму астрономијата била најразвиена, и таа црква имала должност благовремено да ги достави пресметаните датуми до останатите цркви. Според датумот на празнувањето на Воскресението Христово се одредува и кога почнува Великиот пост, кога се подготвителните недели пред Великиот пост, кога се празниците после постот, Вознесението Христово – Спасовден, Педесетница, односно Духовден, и, конечно, на кој ден ќе започне Апостолскиот пост. А понатаму, во текот на целата година, неделите се бројат во однос на празникот Педесетница, па во верското календарче читаме: „таа и таа недела после Педесетница“. Значи, гледаме дека датумот на прославувањето на Пасхата има печат и врз целата година. Грегоријанскиот календар Во времето на Ренесансата, во XVI век, е утврдено дека должината на годината всушност е нешто пократка отколку што е според јулијанскиот календар, односно дека изнесува 365 дена, 5 часа, 49 минути и 12 секунди. Оваа разлика од 10 минути и 48 секунди, од времето на Првиот вселенски собор до XVI век, довела до отстапка од 10 дена. Тогашниот римски папа, Григориј XIII, одредил да се изготви нов календар, според новите пресметки за должината на годината, и кога ќе стапи на сила, да се направи корекција на датумот, за да се отстрани отстапувањето од 10 дена. За со текот на времето да не се створи повторно слично отстапување, новиот календар има поинаков начин за одредување на престапните години. Овој календар се нарекува грегоријански и има разлика во датумот во однос на јулијанскиот календар. Од неговото воведување во употреба во 1582 година, до денес разликата помеѓу двата календари се зголемила на вкупно 13 дена. Во 2100 година разликата ќе стане 14 дена. Целта на папата Григориј XIII била да се запази правилото од Првиот вселенски собор во однос на пресметката на датумот за Велигден, затоа и корекцијата што ја направил била според годината кога е одржан Првиот вселенски собор, а не според годината кога е воведен јулијанскиот календар во употреба. Но, зошто повторно го мешаме календарот во однос на оваа пресметка, кога погоре кажавме дека тој датум зависи од движењето на небесните тела? Затоа што за одредување на пролетната рамноденица е земен фиксен датум – 21 март. Во времето на папата Григориј XIII било утврдено дека рамноденицата всушност настапува 10 дена порано одошто е во јулијанскиот календар, та со календарската реформа тоа било коригирано. Сепак, како последица на промената на пресметката на датумот за Велигден според грегоријанскиот календар, во Римокатоличката црква се случува Воскресението Христово да се празнува пред или заедно со еврејската Пасха, спротивно на споменатото правило од Првиот вселенски собор. Грегоријанскиот календар стапил на сила најпрвин во римокатоличките земји, во XVI век, во протестантските земји во XVIII век (во меѓувреме имале различен календар од блиските соседи Римокатолици), а во православните земји – на почетокот на XX век. Притоа, Православните цркви го задржале јулијанскиот календар за црковна употреба, и жителите на овие земји се научиле на паралелно користење на стариот календар (за црковна употреба) и новиот календар (за сè останато). Новиот календар во Православните цркви И во православниот свет била воочена неточноста на јулијанскиот календар. Во XIV век византискиот научник Никифор Григора поднел предлог до Цариградскиот патријарх и до Царот, за реформа на јулијанскиот календар и на начинот на пресметка на датумот за Велигден. Но, до реформа не дошло, затоа што се проценило дека нема да биде можно сите Православни цркви да се убедат да прифатат таква промена. Од слична причина, за да не дојде до раздор помеѓу верните, Православните цркви не го прифатиле грегоријанскиот календар кога се појавил. Во 1923 година, Цариградскиот патријарх Мелетиј Метаксакис свикал Собор на кој предложил реформа на календарот. Реформата била дело на српскиот астроном Миланковиќ, кој составил календар што ги следи датумите на грегоријанскиот календар, но е попрецизен во пресметката на должината на годината, а во однос на празнувањето на Велигден се поклопува со јулијанскиот календар. Овој календар е наречен „ревидиран јулијански“ или „новојулијански“, и додека од една страна осигурува дека Воскресението Христово, и сите поврзани празници, ќе бидат празнувани истовремено со црквите кои го користат јулијанскиот календар, од друга страна води до необични неправилности – на пример, се случува Апостолскиот пост да треба да заврши пред воопшто да почне (кога празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се падне во Духовденската седмица). Веќе во 1924 година, овој календар бил прифатен во Цариградската Патријаршија, Романската црква и Црквата на Кралството Грција. Кралството Грција грегоријанскиот календар го прифатила најдоцна, во 1923 година, а за помалку од една година потоа и црквата го усвоила ревидираниот јулијански календар, па таму скоро и да немало период на паралелна употреба на два календари, еден државен, а друг црковен. Менувањето на црковниот календар во Грција не бил мирен и едноставен процес. Значителен број верници, свештеници и епископи изразиле силен револт кон одлуката за промена и одбивале да ја прифатат. Дел од нив се имаат одвоено во посебна црковна структура наречена „Вистинска православна црква“, чии припадници во народот се познати како „старокалендарци“ заради приврзаноста кон стариот календар. Оваа црковна структура се смета за расколничка, бидејќи нема општење ниту со Грчката црква, ниту со другите канонски Православни цркви во светот. Разделбата на верниците заради прашањето на календарот до ден денес останува болна рана на телото на Православната црква во Грција, која црквата се труди да ја залечи со тоа што ќе допушти и служби по стариот календар, но овој процес е далеку од завршен. Вреди да се напомене дека монашката држава Света Гора, која се наоѓа во рамките на државата Грција, а припаѓа во црковната јурисдикција на Цариградската патријаршија, сè уште се раководи по стариот календар. Но, секогаш останала во единство со црквите кои го прифатиле новиот календар. Полската православна црква го усвоила новиот ревидиран календар во 1924, а во 2014 година се враќа на стариот календар, оставајќи слобода парохиите да служат и според ревидираниот јулијански календар, доколку така претпочитаат. Двата црковни календари се во употреба и во Православната црква на Чешка и Словачка. Александриската Патријаршија, иако на почетокот се спротивставила на ревизијата на календарот, откако на нејзиниот престол дошол истиот патријарх Мелетиј Метаксакис, во 1926 година преминала на новиот календар. Овој чекор го следеле и Антиохиската Патријаршија, и Кипарската православна црква. Финската православна црква е единствена православна црква која се раководи според грегоријанскиот календар вклучително и за одредување на датумот на Пасха. Бугарската православна црква преминува на новиот календар во 1968 година. Но, бидејќи поминале полни 50 години во кои црквата употребувала еден календар, а државата друг, останала навика некои празници да се празнуваат по стариот календар. На пример, Бугарската црква Ѓурѓовден го празнува на 6 мај наместо на 23 април како што е предвидено во црковниот календар. Сегашната состојба и како понатаму Поголемиот број помесни Православни цркви го имаат прифатено новиот ревидиран календар. Јулијанскиот календар останува во употреба во следните православни цркви: Ерусалимската патријаршија, Руската православна црква – Московска Патријаршија (вклучително и автономните цркви под оваа Патријаршија – Белоруска, Украинска, Молдавска, Јапонска и др.), Српската Патријаршија, Грузиската православна црква, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, и Света Гора. Според бројот на верници, може да се каже дека најголемиот број православни во светот се раководат според стариот, јулијански календар во богослужбениот живот на црквата. Интересен податок е тоа дека јулијанскиот календар се користи во астрономијата и во компјутерската технологија, затоа што е едноставен за користење и правење прецизни временски пресметки. Па така, движењето на небесните тела, појавувањето на кометите, движењето на сателитите во орбитата на Земјата се пресметуваат со користење на тнр. „јулијански ден“. Промената на календарот, особено без соодветна подготовка на верниот народ, може да доведе до раздор помеѓу верниците, како што се случило во Грција. Треба да се има предвид и дека една црква која што долго време користела различен календар од државата, по усвојувањето на новиот календар, како што гледаме од примерот на Бугарската православна црква, може да има потешкотии да ги убеди верните да се вратат на стариот датум на прослава на празниците: Св. Кирил и Методиј на 11 наместо на 24 мај, Успение Богородично на 15 наместо на 28 август, Петровден на 29 јуни наместо на 12 јули и многу други, меѓу кои и за нашиот народ најзначајниот – Илинден на 20 јули наместо на 2 август. Ерусалимската Патријаршија, како дополнителна причина за придржување до стариот календар го има и практичниот аспект на организирање на празничните богослужби во Светата Земја во различен ден од Римокатолиците; би било потешко да се ускладат овие служби кога би биле во ист ден. Исто така, Ерусалимската Патријаршија во неколку наврати има истакнато дека: „Истовременото прославување на празниците со Римокатоличката црква се проценува некорисно за Православието“. Идеално би било, прашањето на календарот да биде решено на некој иден Сеправославен т.е. Вселенски собор, како што впрочем и било предвидено, па оваа тема била разгледувана на предсоборската конференција во 1977 година, но кога и дали ќе се случи тоа, останува неизвесно. На конференцијата во 1977 година е констатирано дека пресметувањето на датумот на Пасха според јулијанскиот календар има отстапување во однос не само на рамноденицата, туку и на месечевите мени, кои во реалноста се случуваат 5 дена порано одошто се пресметува. Заклучено е дека овие недостатоци треба да се исправат на таков начин што нема да се наруши погореспомнатиот канон од Првиот вселенски Собор. (Треба да се каже дека тој канон не се нарушува ниту со денешното сметање на датумот за прослава на Воскресението Христово, според јулијанскиот календар.) На Великиот собор во Крит, во јуни 2016 година, оваа тема не беше разгледувана. На подготвителните средби пред Соборот беше вклучена и проучувана, но на собирот на претстоителите, во јануари 2016 година, беше одлучено да се изостави, затоа што некои Православни цркви не се спремни и немаат желба да прават реформи во календарот. Архимандрит Иринеј (Стефановски) / МПЦ-ОАТагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook