3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЗабаваКој е новиот сопруг на Адријана Лима? (ФОТО)Адријана Лима (43) вчера ја објави веста дека се омажила за Андре Лемерс (43).Лима веста ја сподели на социјалните мрежи, каде објави фотографија на која во преден план се гледа нејзиниот венчален прстен со порака: „Официјално г-ѓа Лима Лемерс, попозната како Лимерс“. Лимерс е филмски продуцент. Неговата работа вклучува проекти како што се 300: Rise of an Empire, The Immortals и претстојната серија The German Girl. Лемерс е роден на 22 јуни 1981 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Иако не е активен на социјалните мрежи, познато е дека ужива во патувањата и авантурите. Андре Лемерс е извршен директор на американската компанија MiLu Entertainment од 2014 година. Тој е и партнер во HollywoodGang Production, каде што продуцира содржини за филм и телевизија, пишува People. MiLu Entertainment стои и зад претстојниот филм The Thicket, во кој глумат ѕвездата на „Game of Thrones“, Питер Динклиџ и номинираната за Оскар актерката Џулиет Луис. Двојката е заедно од 2021 година, а истата година за прв пат заедно прошетаа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Адријана го роди своето трето дете во август 2022 година, а првото со Андреа. Таа роди син на 29 август во Санта Моника, Калифорнија. Двојката го нарече својот син Син Лима Лемерс. На Адријана ова ѝ е трето дете, таа веќе има две ќерки Валентина (12) и Сиена (9) со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ. Адријана својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но во интервју за Us Weekly откри дека таа и нејзиниот сопруг одлично се согласуваат и дека меѓу нив владее хармонија. „Имаме многу слични карактеристики, па брзо се согласуваме за сѐ“, изјави Лима. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook