Кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година - Канал 5

Кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година

Профили на репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал во Русија идната година.

Кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година
Во Москва денеска ќе се одржи ждрепка за составите на групите за фудбалскиот Мундијал во 2018 кој ќе се игра низ 11 градови во Русија. .

Селекции од првиот шешир.

Германија
Бранители на шампионската титула и победници на Купот на конфедерации во 2017 година „отпловија“ преку квалификациите со максимален број бодови. Селекторот Јоаким Лев има многубројни млади таленти на располагање, како Тимо Вернер или Леон Горецка кои сакаат да се приклучат на победниците на Светскиот куп, Тони Крос, Месут Озил и Томас Милер. Најголемата главоболка на Лев ќе биде кои играчи да ги изостави од составот бидејќи Германците сакаат да станат првиот тим од Бразил во 1958 и 1962 година, кој ќе го освои последователно Светското првенство во фудбал.

Русија
Русија е најниско рангирана од сите на СП - на 65-тото место, но оди како домаќини на турнирот, надевајќи се дека ќе ја избегне судбината на Јужна Африка во 2010 година, единствени домаќини елиминирани во групната фаза. „Зборнаја“ беа елиминирани во првата пречка во нивните три настапи на Светското првенство кога се натпреваруваа како Русија (1994, 2002 и 2014 година) по распадот на Советскиот Сојуз, а исто така беа елиминирани рано и на Еуро 2016. Домашната поддршка можеби не е доволна за тренерот Станислав Черчесов, кој се уште ги има искусните - голманот Игор Акинфеев и напаѓачката закана од играчот од средниот ред на ЦСКА Москва Алан Џагоев (среден ред), и напаѓачите Фјодор Смолов од Краснодар и Артем Дзјуба од Зенит Санкт Петербург.

Бразил
Петкратен светски шампион кој учествувал на секој завршен турнир од СП. Бразил се подготвува за промена на имиџот по разочарувачкото четврто место како домаќини во 2014 година. Нејмар е ѕвезда, но има многу напаѓачки опции за селекторот Аденор Леонардо Бачи, попознат како Тите и кој ја презеде репрезентацијата во јуни 2016 година. На располагање ги има Габриел Хесус од Манчестер Сити и Филип Кутињо од Ливерпул, а меѓу репрезентативните играчи се Марсело и Каземиро од Реал Мадрид и Паулињо од Барселона. Во Русија ќе настапат по 21 пат.

Португалија
Португалија се на СП како европски шампиони и Кристијано Роналдо како ѕвезда на Мундијалот. Фернандо Сантос ја презеде репрезентацијата во септември 2014 година откако беше отпуштен Паоло Бенто. Имаат солиден среден ред и одбрана околу ветеранот Пепе. Португалија е способна, има искуство и доверба за надеж дека можат да освојат и титула.

Аргентина
Се појавуваат на СП од 1970 турнирт одржан во Мексико. Меси со хет-трик против Еквадор во квалификациите ги „однесе“ на завршниот турнир. Жорге Сампаоли кој е селектор од 1 јуни, има широк тим полн со таленти – Анхел Димариа, Серхио Агуеро, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин како и Меси, кому ова можеби му е последниот Светски куп. Титули имаат во 1978 и 1986.

Белгија
На СП се враќаат по 12 години отсуство во Бразил 2014 година и стигнаа до четврт-финалето каде беа поразени од Аргентина. Селектор им е Шпанецот Роберт Мартинез. Јадрото им е во напаѓачот Кевин Де Брине, Идн Хазард, Лукаку и неколку други кои може да постигнат добри резултати на СП во Русија.

Франција
Многу се очекува од нив – победници во 1998 и финалисти во 2006 кои стигнаа до четвртфинале во 2014 година и беа финалисти на Еуро 2016 на домашен терен. Селекторот Дидие Дешамп кој беше капитен во 1998 има извонредно многу таленти во својата селекција – од Дрогба, Матуиди, Корентин Колисо и Канте. Во нападот им се Гризман, Мбапе, Мартиал, Дембеле, Кингсли Коман и Александер Лаказет од Арсенал.

Полска
Откако не успеаја да се квалификуваат во 2010 и 2014 година, Полска доби многу со селекторот Адам Нвалка. Во таа селекција Роберт Левандовски постигна 16 голвои во квалификациите. Вои составот им се звучни миња како голманот Војчех Шчешни, Лукас Пишчек од Борусија Дортмунд, Аркадиуш Милик од Наполи и Грегор Кричковиак од ВБА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Воен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал.

Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата.

Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец.

Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Крилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена.

Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда.

Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти.

Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Германскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. 

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата.

Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих.

Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството.

-Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион.

Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот.

Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал ​​Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер