Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните
2Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните
3Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ФудбалКој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година, втор шеширКонгресната палата Кремљ во Москва денеска од 16 часот е местото на одржување на жрепката за групите за Светското првенство, кое од 14 јуни до 15 јули следната година ќе се игра во Русија.Шпанија Победници од 2010 година, но не успеаја да потврдат во 2014 година. Се пласираа на СП со девет победи и еден нерешен натпревар во квалификациската група. Постигнаа на тие 10 натпревари 36 голови и примија само три. Тоа е успех за Иско, Алваро Мората и Марко Асенсио како и за селекторот Хулен Лопетегуи кој презеде од Винсенте дел Боске по Еуро 2016. Англија Непоразени се во квалификациската група. Освоија СП во далечната 1966 година. Тоа ќе биде за нив шести по ред настап на СП и се надеваат на успех под раководство на Гарет Саутгејт. Во 2014 година беа елиминирани во групната фаза. Уругвај Нова генерација на играчи има таа селекција. Беа четврти на СП во 2010 година и досега имаат две титули од СП. Селекторот Оскар Рабарез се уште е главен, беа зад Бразил во квалификациите. Може да очекуваат многу од Суарез како и од напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани кои може да ги направат потенцијална закана за првото место. Мексико Во 2014 година беа 16-ти и голем дел од селекцијата има играчи од тоа СП. На завршницата на СП се по 16-ти пат. Досега двапати стигнаа до четврт-финале, и тоа во 1970 и 1986 година кога беа и организатори на СП. Очекуваат многу од Хавиер Хернандез напаѓач кој игра за Вест Хем. Хрватска Ним им требаше дополнителна победа против Грција за пласман на СП, но немаат куса листа на играчи во селекцијата. Селекторот Златко Далиќ кој го „наследи“ Анте Чачиќ мора да најде формула за настапите во Русија. На располагање му се Лука Модриќ од Реал, Иван Ракитиќ од Барселона, Манџукиќ од Јувентус како и Калиниќ кој игра за Милан и Иван Перишиќ од Интер. Колумбија На СП во Бразил во 2014 година играа во четврт финалето. Аргентинецот Хосе Пекерман, кој им е селектор има на располагање млади и искусни фудбалери како Родригез кој игра во Баерн и постигна најмногу голови на СП во 2014 година. Со него се и напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао и Јуадрадо, кој игра во средниот ред во Јувентус. За одбраната е задолжен Давинсон Санчез кој игра во Тотенхем. Швајцарија Мораа да играат плејоф за да сигнат до СП во Русија иако имаа девет победи во групата за квалификации со само еден пораз од Португалија. Селекторот Владимир Петковиќ со доверба е во Шаќири (Стоук) Џака (Арсенал) Родригез (Милан) Лихштајнер (Јувентус) и напаѓачот на Шалке, Брил Емболо, Адмир мехмети (Леверкузен) и Харис Сеферовиќ (Бенфика). Перу Перу завршува 36 години „пост“ од СП. Завршија петти во јужноамериканските квалификации и го победија Нов Зеланд во плејоф. Селектор им е Аргентинецот Рокардо Гарека кој во плејофот беше без ветеранот Паоло Гуереро откако беше позитивен на допинг тест. Но, најдобриот стрелец во селекцијата е во добра форма во која е и поранешниот напаѓач на Шалке Џеферсон Фарфан (Локомотива Москва). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со ТрампРусија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард, кој беше во притвор повеќе од четири години. Според руските државни медиуми, за што извести Си-Ен-Ен, неговото ослободување уследи по посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Санкт Петербург. Q: Can you confirm that the U.S. is on the verge of a deal to free the American teacher, Stephen Hubbard, from Russia? Trump: Just stick with me. Nobody else was able to do it. Just stick with me. I don't want to talk about it. https://t.co/yrsdPY7ZVM — Clash Report (@clashreport) October 20, 2026 Кој е Стивен Хабард? Хабард е пензиониран наставник од Мичиген, а Стејт департментот на САД официјално го класифицираше како „неправедно притворен“. Во вторникот, претседателот Доналд Трамп потврди дека разговарал за случајот на Хабард со рускиот претседател Владимир Путин. Со децении работел во странство како наставник по англиски јазик. Во 2014 година се преселил во градот Изјум, во источна Украина. Руските сили го окупираа градот на самиот почеток од инвазијата врз Украина во 2022 година. Посета на специјалниот пратеник Пред патувањето на Виткоф во Санкт Петербург, еден американски функционер најави дека посетата ќе биде насочена кон обезбедување на ослободувањето на Хабард. „Посетата на специјалниот пратеник ќе вклучува и напори за ослободување на Хабард.“ Руски обвинувања Руските државни медиуми пренесоа тврдења на обвинителството дека Хабард се борел на страната на Изјум, откако потпишал договор за плата од околу 1.000 долари годишно. Неговата сестра, Патриша Хабард Фокс, ги отфрли овие наводи како лажни. Претходни случаи Хабард е најновиот во низата Американци ослободени од руски притвор. Во август, Роберт Гилман беше ослободен од хуманитарни причини поради неговата сериозна здравствена состојба. Ветеранот од Корпусот на маринците бил екстремно слаб и неухранет кога бил префрлен назад во САД со медицински авион. Организацијата што го застапува соопшти дека Гилман бил изложен на тортура додека бил во руски притвор. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаЦаринска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓанитеМобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди. Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса. Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Технологија„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени„Nvidia“ ги демантираше гласините за прекин на производството на графичката картичка „RTX 5090“, иако признава дека ограничувањата во синџирот на снабдување би можеле да доведат до недостиг за гејмерите.Во текот на изминатите неколку дена се појавија гласини дека „Nvidia“ го запрела производството на „RTX 5090“ – модел што првенствено се користи во гејмерски конфигурации. Компанијата сега стави крај на овие шпекулации, но сепак укажа на еден загрижувачки аспект. Откако „RTX 5090“ ненадејно исчезна од веб-страниците на трговците и од официјалната страница на „Nvidia“, се појавија извештаи во кои се тврди дека компанијата го запрела производството за да ги пренасочи производствените капацитети кон забрзување на развојот на својот хардвер за вештачка интелигенција (AI). Вреди да се напомене дека, иако препорачаната малопродажна цена (MSRP) за „RTX 5090“ изнесува 1.999 долари, практично е невозможно да се купи по таа цена, бидејќи препродавачите на платформи од трети страни ја нудат по цена и до три пати повисока од таа. Џеф Фишер, виш потпретседател во „Nvidia“, изјави за неколку тајвански медиуми – вклучувајќи ги „SJTV“ и „CNA“ – дека извештаите за прекин на производството се целосно неточни. Понатаму, тој нагласи дека „RTX 509“0 останува „исклучително важен, клучен производ“. Сепак, тој призна дека постојат проблеми со снабдувањето, уверувајќи ги купувачите дека „Nvidia“ вложува значителни напори за да ја врати графичката картичка на полиците во продавниците. Се разбира, каде што има чад, има и оган. Фишер не навлезе во детали зошто „RTX 5090“ воопшто исчезна од пазарот. Можно е „Nvidia“ да ја променила својата одлука по негативните реакции од гејмерската заедница – група која веќе е под значителен притисок, бидејќи компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција откупуваат огромни количини на графички процесори (GPU), меморија и други компоненти за да ги напојуваат своите најнови „AI“ модели. Во текот на изминатата година, „RTX 5090“ се соочи со бројни проблеми, вклучувајќи ограничувања поврзани со „DLSS 5“, неисправни примероци, топење на конекторите за напојување и друго. Сепак, на пазар кој веќе се соочува со вртоглав раст на цените на хардверот, најновите изјави на Фишер нудат барем трошка надеж дека, во одреден момент, луѓето ќе имаат можност да го набават хардверот што им е потребен за играње игри. Извор: Б92Тагови: Nvidia RTX 5090 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook