Кои телефони сигурно ќе го добијат новиот чип „Snapdragon 8 Gen 2“?

Пред неколку дена „Qualcomm“ го претстави својот нов чип кој е наменет за премиум уредите кои ќе пристигнат во 2023 година.

Иако, на пример, „Vivo“ веќе претстави телефон со овој чип, тој е всушност премиум уред наменет за следната година. За време на презентацијата на чипот, „Qualcomm“ изјави дека многу компании ќе претстават телефон со овој процесор, но не прецизираа кои модели точно. Но, се појави листата на телефони кои дефинитивно ќе пристигнат со овој чип.

„Snapdragon 8 Gen 2“ пристигна како наследник на минатогодишниот „Snapdragon 8 Gen 1“. Станува збор за чип од 4 nm, чиј фокус е енергетската ефикасност. Секако, има и поголеми брзини, па „Qualcomm“ изјави дека новиот „Kryo CPU“ ќе донесе до 35% подобри перформанси со 40% подобра ефикасност, во споредба со „Snapdragon Gen 1“.

Така, „Kryo Prime“ работи на 3,2 GHz, но сега има четири јадра за перформанси со такт на 2,8 GHz. Има уште три енергетски ефикасни јадра со такт од 2,0 GHz.

Чипот поддржува „QHD+“ дисплеи до 144Hz или 4K дисплеи до 60Hz. Поддржува и надворешни дисплеи до 4K на 60Hz, а овозможено е и декодирање на „AV1“ видео - поддржани се преноси до 8K со 60 fps со „HDR“.

Во продолжение списокот на телефони што дефинитивно ќе се испорачаат со овој чип:

Xiaomi 13;

Samsung Galaxy S23;

OnePlus 11;

Oppo Find X5;

Red Magic 8 Pro;

Motorola X40;

iQOO 11.

Секако, списокот сигурно ќе се прошири, но во моментов ова се телефоните кои дефинитивно ќе пристигнат со овој чип.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер