Кои се фирмите против кои УЈП ќе поднесе кривични пријави?

Управата за јавни приходи  подготви кривични пријави за  Меѓународниот сојуз, БМЈ медиа груп и Томато продукција , каде беше сместена телевизијата 1тв за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари.

Во двете контроли кои биле направени во Меѓународниот сојуз утврдено било дека таму воопшто не се водела сметководствена евиденција , а не била приложена ниту веродостојна документација за ваучери за донации дадени на социјално загрозени семејства. Од УЈП информираат дека парите од склучените договори за изградба на комплекси за стари лица кои биле склучени со фирмите ДРИМ БИЛДИНГ и Пелистер преку Македонската авторска агенција воопшто не легнале на сметка на Меѓународниот сојуз , туку им биле уплатени на пензионерката Лилјана Тодоровска, како носител и Јасна Мандиќ како координатор на проектот.. Записниците од извршениот увид вчера во притворот во Шутка му биле доставени и на Боки 13. Но тој одбил да ги прими со образложение дека поднел неотповиклива оставка, но УЈП го товари за дела направени во времето кога бил претседател.

Неправилности биле евидентирани и во работењето на „1ТВ“ но тука нема основ за кривична пријава, информираат од УЈП. Иако во меѓувреме, како што велат, 1ТВ на Боки 13 му го префактурирала мебелот кој бил во телевизијата, а кој тој е задолжен да го плати. Се работи за трпезариска маса, кујна, гарнитури и други работи.

Кривична пријава ќе биде поднесена и за БМЈ медиа груп, која е во сопственост на Јасна Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски. Тој зел милионска позајмица од ова правно лице која не била вратена. Според УЈП, не се чисти ниту промоциите за концертите на Марија Шерифовиќ и Северина, односно иако биле евидентирани како приходи, за нив не е платен данок.

Од УЈП соопштија дека лице од Македонија не многу познато за јавноста се пријавило да ги преземе 1тв и БМЈ медиа груп и нивните долгови.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер