Кога и каде ќе се градат новите катни гаражи на Клинички? - Канал 5

Кога и каде ќе се градат новите катни гаражи на Клинички?

Катни гаражи на Клинички! Со децении се планираа, ама не се реализираа. Овој пат надлежните тврдат дека од пари од градската каса ова ќе се реализира.

Кога и каде ќе се градат новите катни гаражи на Клинички?

Кај Инфективна сега нема да има катна, туку првите две ќе бидат кај Гинекологија и Транфузиологија, а според сега планираното ќе има 500 паркинг места повеќе. Според катастарската парцела која е впишана во владината одлука со која токму овој простор ќе се даде на владение на Министерството за здравствоа, се предвидува токму на овие две места каде што и сега има паркинг да се градат гаражите на спратови.

Административните лавиринти за катните гаражи ќе траат најмалку еден месец, а како што брифираат од Министерството за здравство и Градот Скопје, откако ќе се направи ребаланс на градската каса во март, ќе може да се гради на терен.

Во меѓувреме, сликата на Клинички останува иста.

Се паркира кој каде стигне, граѓаните кои едвај влегуваат со автомобил внатре, исто така едвај изглегуваат, бидејќи секој се снаоѓа како знае и умее и возилата се оставаат непрописно, за на време да се отиде на лекар.

На пешачките премини се поминува буквално на неколку сантиметри помеѓу возилата, а проблем имаат и комбињата на Итната медицинска помош.

Дел од оние кои најмалку еднаш месечно ја посетуваат Клиниката велат дека мора да се превземе нешто, иако во здравството хаосот не е само со паргингот, туку само од него почнува голготата.

Според сегашните пресметки, катните гаражи на овие две локации ќе почнат да се градат за околу два месеца, а надлежните од здравство велат дека вакво решение се планира и за просторот кај Инфективната клиника, ама во некоја подоцнежна фаза.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето.

Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на  седница на Собранието.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина.

Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“.

Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“.

Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето.

Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот.

Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил.

Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени.

Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер