Кога го ослободиле, рекол дека им се радува на сопругата и ќерките- не знаел дека Хамас ги убил - Канал 5

Кога го ослободиле, рекол дека им се радува на сопругата и ќерките- не знаел дека Хамас ги убил

Израелски заложник, кој вчера беше ослободен од Газа, не знаел дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, сè до неговото ослободување, потврди неговото британско семејство.

Кога го ослободиле, рекол дека им се радува на сопругата и ќерките- не знаел дека Хамас ги убил

Хамас, за потсетување, го киднапираше Ели Шараб пред 16 месеци и го ослободи вчера во Деир ал Балах во Газа. Неговата сопруга Лиен Шараби, по потекло од Бристол, и ќерките Ноија (16) и Јахел (13) биле пронајдени мртви во домот во Израел по нападот на Хамас.

Родителите на Лијан, Гил и Пит Бризли, денеска изјавија за Би-Би-Си дека војник на израелската армија (ИДФ) му ја кажал веста за неговото семејство. Пред тоа не знаеле дали Шараби знаел дека неговата сопруга и ќерките се убиени во нападот.

Шараби беше еден од тројцата заложници кои Хамас вчера му ги предаде на Црвениот крст како дел од договорената размена на затвореници како дел од примирјето.

Говорејќи на бината по неговото ослободување, Шараби изјави дека е „многу среќен што денес се враќа кај сопругата и ќерките“, дополнително подгревајќи ги сомнежите дека не знаел што им се случило. Гил и Пит Бризли рекоа дека Шараби бил „луциден“, но неговиот глас бил „малку рапав“ кога разговарале со него преку видео повик.

"На моменти беше емотивен, но успеваше да се насмее. Тој е многу храбар", изјавиле Бризли, кои наскоро ќе го посетат. Брачниот пар од Бриџенд, Јужен Велс, изјавија дека плачеле додека во живо го гледале ослободувањето на нивниот зет. Тие го опишаа неговото лице како „измачено“.

„Беше многу тешко да се види Ели во таа состојба“, рекол Пит Бризли и додал: „Нормално тој има малку подебело лице. На видеото очите му беа вдлабнати, образите му беа вдлабнати, а зглобовите како стапчиња“.

„Гледањето на Ели како слободен ни го врати сето тоа. Седнав и плачев од срце држејќи го плишаното мече на Лиана“, додаде Гил Бризли.

„Единственото нешто што нè одржува сега е фактот дека Ели се врати со нас. Барем имаме еден близок член на семејството кој се уште е жив“, рече таа.

"Ние сме му благодарни за нашите две прекрасни внуки. Ги немавме доволно долго. Сега треба да се фокусираме на среќните времиња. Живееме во нашите сеќавања, ги паметиме, зборуваме за нив и се грижиме никој да не ги заборави", додала таа.

„Се надеваме дека ќе му помогнеме да се врати во некој вид на нормален живот“, заклучил Пит Бризли.

Лиан пораснала во Стејпл Хил, предградие на Бристол. Таа најпрво заминала во Израел како волонтер во кибуц на 19-годишна возраст, а подоцна трајно се преселила. По три месеци го запознала Ели. Тие имаа две ќерки, Ноију и Јахел, кои беа убиени во нападот на Хамас.

Еден од браќата на Ели, Јоси, исто така бил киднапиран на 7 октомври, но подоцна е убиен во заробеништво. Хамас тврди дека тој бил убиен во израелски воздушен напад, кој Израел го оцени како можно.

Ослободувањето на тројцата заложници беше договорено како дел од прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел, кој стапи на сила на 19 јануари. Израел вчера ослободи 183 палестински затвореници. Според договорот, Хамас ќе ослободи вкупно 33 заложници во неделна размена во замена за 1.900 Палестинци од израелските затвори.

Досега се ослободени 16 израелски заложници, додека Израел ослободи 566 палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот.

На 7 октомври Хамас киднапираше 251 лице и уби околу 1.200 луѓе во напад на Израел, што ја предизвика војната. Според Министерството за здравство на Газа, под контрола на Хамас, израелската офанзива досега однесе најмалку 47.500 животи на Палестинци. ОН проценуваат дека две третини од зградите во Газа се оштетени или уништени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!

Со вистински насоки, секој дом може да зрачи со елеганција и хармонија.

 Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!

Домовите на дизајнерите за ентериер често делуваат посмирено, пофункционално и поскладно од просечните домови. Не затоа што располагаат со неограничен буџет, туку зашто избегнуваат грешки кои секојдневно ги гледаат кај своите клиенти. Нивните одлуки не се импулсивни, зад секој избор постои логика, искуство и јасна намера.

Еве кои навики свесно ги прескокнуваат, а кои може да ги примените во својот дом, било да станува збор за нова градба или стара градска зграда.

Не почнуваат од боите на ѕидовите

Една од почетните грешки е бојата на ѕидовите да се избере на самиот почеток. Дизајнерите речиси никогаш не прават така зашто нијанси има безброј, па полесно е да се прилагоди бојата на ѕидот на мебелот и текстурата отколку обратно.

Наместо да го затворат просторот со погрешна нијанса на сина или сива, прво избираат тепих, завеса, софа, постелнина и трпезариска маса. Дури потоа, кога сите елементи ќе легнат на свое место, бараат тон што ќе ги поврзе во целина.

За бојата размислуваат и преку атмосферата на просторот. Посветли, поенергични нијанси оставаат за дневните простори, додека потопли и посмирени тонови се резервирани за спалните. Во помалите станови, какви што има многу во големите градови, темни ѕидови на сите страни лесно може да го „изедат“ просторот, додека внимателно избрани светли нијанси го отвораат просторот и му даваат леснотија.

Не купуваат големи парчиња поради трендот

Професионалците во сопствениот дом ретко инвестираат во софа само затоа што е популарна на социјалните мрежи. Поголемите и скапи парчиња, како софа, шкаф, или трпезариска маса, ги избираат во неутрални бои и форми што траат.

Трендовите ги следат преку деталите: перници, ламби, вазни, ќебиња или постелнина. Така просторот може да го освежат без големи трошоци и без чувство дека наскоро мора да го менуваат целиот ентериер.

Не го претрпуваат просторот

Уште една работа што дизајнерите ја избегнуваат е нередот, премногу мебел и декорации. Дури и најубавото парче мебел ја губи вредноста ако нема „простор да дише“.

Постојат два едноставни теста: дали можете да се движите без да се удирате со ќошевите од мебелот и дали просторот изгледа хаотично штом ќе влезете во него.

Посебно се внимателни при комбинирање на примероците и темните тонови. Премногу принтови или темни површини во мал стан даваат чувство на тесен простор. Помали работи на видливи површини и внимателно избирање на боите често даваат подобар резултат од купот детали.

Функцијата пред естетиката

Кога избираат мебел за себе, дизајнерите прво се прашуваат кој ќе го користи и на кој начин. Дури потоа доаѓа естетиката.

Кај софите, на пример, поважна е удобноста, наслонот за грбот и издржливоста на материјалите, отколку самата боја. Ако во домот има деца или домашни миленици, лесното одржување е пресуден фактор при изборот на мебел.

Во малите станови, каде секој квадрат е драгоцен, секое парче мора да има цел. Убав и неупотреблив мебел само зазема простор и создава фрустрација.

Не избираат само една ламба

Осветлувањето за дизајнерите е клучно за атмосфера. Едно светло на плафонот речиси никогаш не е доволно.

Наместо тоа, комбинираат повеќе извори на светлина, лустер или ламба на плафонот со подни, столни ламби, ѕидни светилки и дискретни ЛЕД ленти. Осветлувањето му дава карактер на просторот. Интересен лустер во кујната или елегантна висечка лампа под креветот може целосно да го промени впечатокот, дури и кога останатиот мебел е едноставен.

Не го уредуваат домот за да биде „виден“

Најважна лекција: Дизајнерите не го уредуваат својот дом за да ги исполнат туѓите очекувања. Иако ги знаат правилата, дома често свесно ги кршат.

Наместо да се прашуваат што е исправно во моментот, тие размислуваат што навистина им годи. Ако тоа вклучува повеќе билки од вообичаено, полици со книги во куната или столица која не се вклопува совршено, но е најудобна, така и ќе биде.

Во становите во кои се мешаат наследени парчиња, нов мебел и пристапни набавки од големите синџири, токму тој опуштен пристап често дава најдобри резултати. Можеби таквиот простор не е совршен за социјалните мрежи, но е совршен за секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малер

Среќата во домот се гледа на влезот. Погледнете што не треба да чувате во ходникот.

 Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малер

Според народните верувања, ходникот не е само место каде ги оставаме јакните, чевлите и клучевите, туку место каде почнува атмосферата во домот, а некои предмети може да донесат застој, малер и немир.

Што открива ходникот за домот?

Според народната традиција, оштетено огледало се поврзувало со немир и нарушена хармонија меѓу домашните. Затоа се советува таквото огледало веднаш да се отстрани и да се замени доколку забележите пукнатина.

Истото важи и за застанат часовник. Ако батеријата не работи, а сказалките стојат во исто место, таквиот предмет во домот симболизира застој. Работата не оди како што треба, плановите се одложуваат, а работите никако да тргнат на подобро.

Во ходникот нема место ни за свенато цвеќе, зашто според народните верувања тоа симболизира нешто што поминало и во што повеќе нема живот.

Без оглед на верувањата, овие работи прават ходникот да изгледа запуштено.

Скршените работи во ходникот привлекуваат лоша енергија.

Чадор со скршена жица, лабава закачалка за облека, чевли со одлепени ѓонови, или кој било друг предмет кој чека да биде „поправен“, сето тоа спаѓа во категоријата што често се спомнува во народните верувања поврзани за домот.

Според овие верувања оштетените предмети симболизираат нешто скршено или недовршено, затоа не се препорачува нивно чување во простории низ кои секојдневно поминувате.

Практичното правило е едноставно, ако нешто со месеци чека за поправка, одлучете кога ќе го поправите или изнесете го од домот.

Огледало поставено спроти врата се смета за лош знак. Во традицијата на фенг шуи, често се вели дека огледалото свртено кон влезната врата ја враќа енергијата назад низ вратата, па се препорачува тоа да стои на бочниот ѕид, а не наспроти влезната врата.

Во помалите станови тоа не може секогаш лесно да се изведе, но ако постои можност доволно е огледалото да се помести на страна. Така просторот ќе изгледа попростран.

Без оглед дали верувате во народните верувања или на нив гледате како на интересен дел од традицијата, едно е сигурно: уредниот ходник ослободен од непотребни работи го прави домот попријатен и попривлечен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Слушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО)

Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.

Слушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“.

Поставена е стапица во кафез

Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда.

Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното.

Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот.

Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот.

Благодарност до учесниците во операцијата

Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба.

Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом.

Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер