Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас од денеска е во посета на САД каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност, Џон Болтон и со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,
Според грчките медиуми, преговорите за името ќе бидат една од темите на агендата разговори на средбите на Никос Коѕијас.
Според официјалната програма, Коѕијас денеска ќе се сретне со новиот американски државен секретар, Мајк Помпео, ќе разговараат за билатерална соработка и прашања што се од регионален интерес со акцент на Блискиот исток.
Додека пак претходно ќе оствари средба со помошниот државен секретар Вес Мичел. Утре Коѕиас ќе се сретне со Болтон, а во среда со Гутереш.
Весникот „Елефтерос Типос“ пишува дека коѕијас започнува маратонски дипломатски активности во траење од речиси две седмици.
Од САД, тој, според весникот, ќе замине за Брисел, а оттаму за Германија.