Коѕијас: Името треба да се избере од предлозите на Нимиц

Ниту средбите на Коѕијас во Вашингтон не го „омекнаа“ ставот на Атина за предлогот „Република Илинденска Македонија“ да биде основата на пакет решението за спорот со името. 

Шефот на грчката дипломатија уверува дека немал никаков притисок, бидејќи, како што вели, сите гледаат дека Грција има иницијатива за напредок по ова прашање.

По средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а пред средбата со генералниот секретар на ОН, Гутереш, Коѕијас отворено порача дека името треба да се избере од предлозите на Нимиц, со напомена дека за нив е неприфатлив петтиот - Република Македонија (Скопје), со оглед дека инсистираат одредницата да биде пред терминот Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц, како што знаете, не се согласуваме со петтото име од неговите предлози, и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, рече Коѕијас.

По ваквиот став на Коѕијас, и онака малите шанси „Илинденска“ да ја „преживее“ следната рудна преговори, закажана за четврток и петок во Обединетите нации, се сведуваат на речиси никакви. Ако се суди според изјавата на грчкиот министер, за Атина прифатливо решение е Горна, Северна, Вардарска или Нова Македонија.

Ова, значи дека дефинитивно процесот ќе се врати назад, во фазата на преговарање околу опсегот на употребата на името.. И Димитров и Заев деновиве повторија дека „ерга омнес“ со уставни измени е прифатливо за „Илинденска“, но не и за сите други предлози.

Дали, освен „Илинденска“ има друг предлог што е прифатлив за македонската влада како „ерга омнес“ решение, останува да се види, но јасно е дека без исполнување на тој услов, макар и фазно, нема изглади за решение.

Шефот на македонската дипломатија веќе е на пат за Њујорк.. На тргнување ги замоли граѓаните да дадат „мудрост и нерви“.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер