Кочоска: Владата навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3% - Канал 5

Кочоска: Владата навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3%

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што  се одржа во општина Прилеп, на тема ,,Економски раст и дигитална трансформација“.  

Кочоска: Владата навистина успеа за три  последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3%

Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат финансии и да обезбедат економски раст. Таа нагласи дека е постигнат значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите во образованието и здравството, а бројот на вработени е значително зголемен.

,,Во периодот кога го преземавме или влеговме во министерството за финансии состојбата беше катастрофална, буџетскиот дефицит беше веќе 70% потрошен, или парите беа повеќе од 70% реализирани заклучно со 23 јуни, а во однос нели на целата година. Она што беше исто така вознемирувачко во тој момент беше состојбата на девизната сметка која што беше едвај 47 милиони евра притоа однапред знаејќи нели претходната влада дека следи период а тоа е месец јули кога требаше да се сервисира една обврска за јавното претпријатие за државни патишта отприлика во тој износ што значи дека ќе останевме речиси и без средства на девизната смeтка“, рече Кочоска.

Кочоска истакна дека со навремен ребаланс и одговорен пристап, успеале да ги покријат сите необезбедени средства и да поттикнат економски раст. Таа потенцираше дека голем дел од законските обврски на претходната влада не беа обезбедени.

,,Успеавме преку прераспределби и делумно зголемување на буџетскиот дефицит да обезбедиме 4,1 милијарда денари за плати согласно колективни договори кои што требаше а не ги обезбедија, притоа и во време на избори се потпишуваа колективни договори без притоа да се има обезбедено средства за истото. 5.5 милијарди денари за пензии иако во тој период. Многу често коментираа дека имало доволно средства за пензиите заради нашата променета методологија биле потребно дополнително средства. Не беше тоа точно“, вели Кочоска.

Кочоска истакна дека претходната влада немала предвидено доволно средства дури ни според својата методологија, недостигале 800 милиони денари за загарантираната минимална помош, милијарда и 700 милиони денари за здравството, 1 милијарда за ТИРЗ, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за студентски стипендии. Таа додаде дека не биле обезбедени ниту 300 милиони денари за блок-дотации, ниту 330 милиони за изборни активности, а беа потребни околу 5 милијарди денари за гаранции и покривање на обврски на јавните претпријатија, кои се наоѓаа во сериозна финансиска криза поради неодговорно управување.

,,Во еден многу краток временски период, Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3% и тоа повеќе се должи на она што ние го најавувавме во континуитет, а тоа е дека ќе имаме посебно внимание посветено на инвестициите и бруто инвестициите забележаа раст од 18% односно тоа е ефектот од онаа наша мерка пред се 250 милиони евра кои што ги насочивме кон приватниот сектор преку развојната банка коишто до овој момент се искористени половина од нив 125 милиони евра и во исто време раздвижување во делот на капиталните инвестиции“, кажа Кочоска, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ерупција на вулкан на Исланд, дванаесетта во последните четири години

 Во југозападниот де на Исланд еруптираше вулкан, јави исландската метеоролошка служба, што претставува најнова во низата ерупции во близина на главниот град во последните неколку години.

Ерупција на вулкан на Исланд, дванаесетта во последните четири години

Ова е 12-та ерупција откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес повторно се активираа во 2021 година. Ерупциите, познати како фисурски ерупции, се карактеризираат со текови на лава кои излегуваат од долги пукнатини во земјината кора, наместо од централен кратер.

Досега, ерупциите на Рејкјанес не претставуваа закана за главниот град Рејкјавик, ниту пак предизвикаа значително ширење на пепел во стратосферата, па не дојде до нарушување на воздушниот сообраќај.

Блискиот рибарски град Гриндавик, во кој пред евакуацијата во 2023 година живееле речиси 4000 жители, сè уште е главно пуст поради повремените закани од лава и поврзаните земјотреси. Луксузната спа-зона Блу Лагун и блиската геотермална електрана Свартсенги исто така беа изложени на ризик од лава за време на некои претходни ерупции.

Експертите проценуваат дека ваквите ерупции во оваа област би можеле да се повторуваат со децении, па дури и со векови.

Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани. Оваа северноевропска земја ја прави една од главните дестинации за вулкански туризам кој секоја година привлекува илјадници посетители.

Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место на Баден-Баден Олдтајмер 2025

 Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место во својата категорија на 48-то издание на Интернационалниот олдтајмер настан што викендот се одржа во Баден Баден во Германија. 

Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место на Баден-Баден Олдтајмер 2025

Пред љубителите на олдтајмери, македонскиот тим се претстави со уникатниот „Abarth 1000 TCR“ од 1970 година, којшто беше единствен ваков примерок на настанот.

- Нашиот тим, освен претставувањето на македонските вина и Бахус Класик релито што есенва ќе се одржува во нашата држава, имаше повеќе од успешен настап и освоено прво место во својата категорија. Ова признание е навистина интересно и важно за нас и за нашата држава затоа што е прв пат македонски тим да освои прво место на Интернационален олдтајмер настан во Германија, велат од тимот на „Bacchus Classic“ во изјава за МИА.

На настанот, кој е еден од најпрестижните во Германија и се одржа во градот којшто е под заштита на УНЕСКО, учествуваа 390 автомобили од цела Европа. Возилата беа изложени во централниот парк којшто е опкружен со историски згради со кои се надполнуваше убавината на олдтајмерите.

Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца

 Семејствата во земјите од Европската унија повеќе претпочитаат да имаат домашни миленици отколку деца. 

Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца

Во 2024 година, според податоците на Евростат, во ЕУ имало речиси 202 милиони семејства, а само 47,6 милиони (23,6%) од нив имаат деца, додека 76,4% се бездетни. Домашни миленици, пак, имаат околу 91 милион европски домаќинства (46%).

Највисок удел на семејства со деца има во Словачка (35,6%), Ирска (31,0%) и Кипар (28,6%). Спротивно на тоа, најниски удели се регистрирани во Финска (18,0%), Литванија (19,6%) и Германија (20,1%).

Од семејствата со деца, речиси половината (49,8%) имаат едно дете, 37,6% две, а 12,6% имаат три или повеќе деца.

Домаќинствата со едно дете се доминантни во сите земји од ЕУ, освен во Холандија, каде што уделот на домаќинствата со две деца е поголем. Семејства со три или повеќе деца се најбројни во Ирска 20,6%, 18,1% во Шведска и 17,4% во Финска.

Речиси половина од семејствата во ЕУ чуваат домашни миленици. Вкупниот број на домашни миленици е околу 340 милиони, од кои 127 милиони мачки, 104 милиони кучиња, 53 милиони птици, 29 милиони мали цицачи, 22 милиони аквариумски риби и 11 милиони терариуми.

Според Федерацијата на европската индустријата за храна за домашни миленици (FEDIAF), европејците само за исхрана на своите миленичиња, годишно трошат околу 30 милијарди евра, а уште 24,5 милијарди за други поврзани производи и услуги.

Во Македонија, пак, според последниот попис има 538.348 семејства, а од нив околу половината имаат најмалку едно дете.

Што се однесува до домашните миленици, точна статистика нема. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во 2023 имало 84.949 регистрирани миленици, но се проценува дека нивниот број е поголем и достигнува над 200 илјади.

Во 2024, пазарот на храна за миленици земјава надминал 32 милиони долари.с

притисни ентер