Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проекти - Канал 5

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проекти

По резултатите што веќе ги дава првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата продолжи со втор јавен повик за уште посилен инвестициски циклус и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проекти

Со двата повика Владата им стави на располагање 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит на единиците на локалната самоуправа за реализација на инфраструктурни и капитални проекти од директно значење за граѓаните.

Ова претставува сериозна финансиска можност за општините, но уште поважно е што покажува дека поддршката на локалната самоуправа не е еднократна мерка или краткорочна политика.

Станува збор за воспоставен модел во кој државата преку децентрализација на централниот буџет обезбедува финансиска поддршка, каде општините ги подготвуваат и предлагаат проектите според реалните потреби на граѓаните, а резултатот треба да биде подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот.

Ова е особено важно за помалите општини, кои често имаат реални и сериозни инфраструктурни потреби, но немаат доволно финансиски капацитет самостојно да реализираат поголеми капитални инвестиции. Токму затоа улогата на државата е да помогне таму каде што е потребно и да создаде услови развојот да биде порамномерен низ целата територија на државата.

Па така, со помошта на Владата во Гази Баба се инвестира во детска градинка во Инџиково и спортска сала во основното училиште во Црешево, со што се создаваат подобри услови за најмладите.

Во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, а во Чаир се гради водоводна и атмосферска мрежа во населбата „Дижонска“.

Во Гевгелија се реконструира Старата чаршија, што има значење и за локалното културно наследство и за развојот на градот, додека во Аеродром се уредува јавната површина зад ТЦ „Капитол“.

Во Охрид се гради катна гаража со која ќе се реши деценинскиот проблем со недостигот на паркинг места во туристичкиот бисер, во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека општина Кавадарци доби нов модерен базен.

Општина Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, општина Тетово ќе гради водоводна мрежа во населбата Вонвардарска и ново средно училиште, Демир Капија ќе реконструира фудбалско игралиште и ќе гради нов тениски терен.

Виница доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за фотонапонска централа на кровот на општинската зградата, додека Куманово за изградба на краци за секундарна гасоводна мрежа на неколку улици.

Токму таквите инвестиции имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, зошто тие секој ден ги користат улиците, училиштата, јавните установи и комуналната инфраструктура.

Затоа е важно јавните средства, како што се и средствата од унгарскиот кредит, да бидат насочени токму кон решавање на проблемите кои граѓаните ги чувствуваат секој ден.

Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не остане концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина да има можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останале нерешени.

YouTube video

Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метри

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Големата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет.

„Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз.

Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay).

YouTube video

По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. 

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници.

Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори.

На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето.

Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња.

Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс. На покривот ќе има снајперисти .

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираната Триумфална капија висока 76 метри, која треба да се изгради на Националните гробишта во Арлингтон, ќе прерасне во „врвен воен комплекс“ со снајперисти на покривот и на плоштадот, како и со голем број дронови и залихи на муниција за снајпери.

Трамп тврди дека одлуката ја донел по „силно барање“ на американската војска. Триумфалната капија првично беше претставена како монументален објект за одбележување на 250-годишнината од американската независност. Трамп сега вели дека таа ќе добие и многу специфична воена намена.

Дронови, снајперисти и муниција Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека комплексот треба да овозможи сместување, складирање и брзо распоредување на голем број дронови, како и складирање на големи количини муниција за снајпери.

Според неговиот план, снајперисти би биле распоредени на покривот и на просторот на плоштадот околу триумфалната капија.

Планираната триумфална капија треба да биде висока 250 стапки (приближно 76 метри) и да се наоѓа на „Меморијал Сркл“ (Memorial Circle), меѓу Меморијалот на Линколн и Националните гробишта во Арлингтон.

Таа би била повисока од Триумфалната капија во Париз. Трамп со месеци зборува дека сака да ја одбележи 250-годишнината од американската независност со монументална градба, но проектот сè уште не ги поминал сите неопходни процедури.

Проектот сè уште нема целосно одобрение Заклучно со почетокот на септември, Комисијата за планирање на главниот град сè уште го немаше одобрено проектот, а не беше завршен ниту целосниот процес на разгледување, предвиден со американските закони за зачувување на историското наследство.

Во меѓувреме, проектот се соочи со правен приговор од ветерани, кои тврдат дека капијата би го нарушила историскиот визуелен поглед меѓу Вашингтон и Националните гробишта во Арлингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер