МакедонијаКоцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државатаВо изминатиот период Владата започна сериозен инвестициски циклус во општините, со цел да се надмине долгогодишниот недостаток на инвестиции во локалната инфраструктура и да се решат проблеми кои директно го засегаат секојдневието на граѓаните.Денеска низ општините се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, што претставува значаен обем на инвестиции на локално ниво. Станува збор за проекти кои се однесуваат на патната инфраструктура, водоводи, канализации, животна средина, образованието, спортот, културата и социјалната политика, односно области кои се директно поврзани со квалитетот на животот во секоја локална заедница. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку два јавни повици на општини им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои се преточуваат во проекти кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните и своевремено ја развиваат и домашната економија. Преку ресорот транспорт и врски се реализираат вкупно 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари, од кои 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација. Следната област со најмногу проекти е животна средина со 183, од кои 45 се целосно реализирани, додека 138 се во фаза на реализација со вкупна вредност од над три милијарди денари. Во образованието одобрени се 55 проекти во вкупна вредност од скоро две милијарди евра за нови училишта и реновирање на постоечките, за нови училишни спортски сали и терени од кои седум проекти се целосно завршени, додека на 48 се уште се работи. За македонскиот спорт има 36 проекти во вредност од скоро 770 милиони денари, каде што 10 проекти се целосно реализирани, додека 26 се во фаза на реализација, следува културата со 18 проекти во вкупна вредност од над 822 милиони денари, па социјалната политика со 10 проекти вредност од над 771 милион денари. 80 општини во Македонија учествуваа и добија финански средства од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон подобрување на патната инфраструктура, детски градинки, спортски терени и комунални мрежи. Така, вкупната поддршка од двата јавни повици на Владата за општините Гази Баба и Прилеп за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за општина Велес 9 милиони, за општина Дебар се доделија финансиски средства за 26 проекти, за општина Битола дури за 81 проект, за Струмица 13, за Крива Паланка се доделија средства за пет проекти, додека за Неготино се доделија над четири милиони евра за 12 проекти. Кога се зборува за бројки, секогаш е важно зад нив да се видат конкретните луѓе и конкретните места, затоа што зад проектите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови, а зад проектите во животната средина стојат решавања на инфраструктурни проблеми кои директно влијаат врз здравата и уредена животна средина. Инвестициите во културата го зачувуваат локалното наследство, додека проектите од социјалната политика создаваат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги, додека инвестиции во инфраструктурата значи дека граѓаните добиваат подобри патишта, водоводни и канализациони системи. Сите овие 1200 проекти решаваат различни локални проблеми за граѓаните, но заедничкиот ефект е подобрување на условите за живеење, затоа целта на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не биде привилегија само на неколку големи градови и центри, туку инвестициите да стигнат во секоја општина каде што постои реална потреба и квалитетен проект. Затоа денес може да кажеме дека Македонија е едно големо градилиште коешто може да се види во општините низ целата држава, затоа што граѓаните, без разлика каде живеат, имаат право на подобра инфраструктура, подобри јавни услуги и подобри услови за живот, рече Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00