МакедонијаКоцевски е ваш обвинител, охрабрете го да се врати на трите случаи со 75 загубени животиКоцевски е ваш обвинител, охрабрете го да се врати на трите случаи со 75 загубени животи, му порача Мицкоски на Трајчулески.Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на прашање од пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, дали Владата уште стои на мислење за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, на пратениците од опозицијата им порача дека посочениот функционер е избран како нивен предлог. Трајчулески во прашањето истакна и дека Министерството за правда поведе постапка за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, а после трагедијата во Кочани, Владата одлучи да му даде втора шанса. - Истрагата за Кочани ја води избран обвинител, предлог на Владата каде најголем чинител беше СДСМ и останатите коалициски партнери, како ДУИ. Што значи дека ние живееме во врвот на демократијата. Ретко видено на Балканот, опозицијата си има свој обвинител. Тој обвинител денес ја води истрагата и се надевам дека ќе го охрабрите, уште еднаш да се врати на назад на трите случаи за кои зборувам. Нема да биде дефокус за мене, 75 човечки животи тоа се трајно загубени животи и болка која семејствата ја носат. Тоа е за да повторува и да не се заборави. Мора да има виновници, сега нема виновници. А во овој случај во истрагата обезбедил 68 лица, рече Мицкоски. Како што нагласи тој на седницата, нема да се заборават случаите како Модуларната болница, Беса Транс и Ласкарци и оти „нема да помогне ниту шверцерски поминатиот Кривичен законик со европско знаме“. Пратеникот Трајчулески рече дека не е задоволен од одговорот на Мицкоски затоа што клучното прашање не е кој го избрал јавниот обвинител, туку дали Владата стои на ставот, кој го достави до Советот за јавни обвинители врз основа на мислење на Министерството за правда, за разрешување. - Бараме одговори кои се мотивите за промената на таквиот став и се надевам дека министерот за правда еднаш ќе нè удостои нас како пратеници да поставиме прашање, затоа што е прашањето дали тој стои на тој став, рече Трајчулески. Тој рече дека се интересираат до каде е предлогот на владејачката партија ЗНАМ за избор на обвинител со двотретинско мнозинство со мандат од шест години и дали тоа ќе влезе во закон, а не е прашањето чиј е Коцевски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија воведува данок на богатство- сѐ ќе се оданочува, па дути и имотот во странство Најбогатите граѓани на Унгарија ќе мора да плаќаат нов данок на богатство почнувајќи од следната година, а државата има намера да погледне многу подалеку од само парите на нивните банкарски сметки при неговото пресметување.Новиот данок ќе ги опфати недвижностите, инвестициите, акциите на компаниите, па дури и средствата што ги поседуваат унгарските даночни обврзници во странство. Владата на премиерот Петер Маѓар предложи годишен данок од 1 процент на делот од нето-имотот што надминува 1 милијарда форинти, или околу 3,1 милиони долари. За најбогатите, стапката ќе биде уште поголема. Граѓаните со средства што надминуваат 100 милијарди форинти, или околу 308 милиони долари, ќе плаќаат стапка од 1,5 проценти на делот од богатството над тој праг, според Ројтерс. Недвижностите и средствата во странство исто така се земаат предвид Се очекува даночната основа да биде многу широка. При утврдувањето на богатството, ќе се земат предвид недвижностите, инвестициите, акциите на компаниите и другите средства, вклучително и оние што се наоѓаат надвор од Унгарија. Од друга страна, долговите и кредитите ќе можат да се одземат од даночната основа. Ова би значело дека државата не само што ќе гледа колку одредено лице поседува средства, туку и неговата нето вредност по одбивањето на обврските. Данокот би се плаќал еднаш годишно, врз основа на даночна пријава поднесена од самиот даночен обврзник. Првата обврска треба да се утврди според состојбата на средствата на крајот на 2026 година, додека рокот за поднесување и плаќање би бил 31 август 2027 година. Најбогатиот Унгарец има 5,5 милијарди долари Новата мерка особено ќе го погоди самиот врв на листата на најбогати луѓе во земјата. Според листата на унгарското издание на Форбс, 28 лица имаат богатство од повеќе од 100 милијарди форинти, што ги става во категоријата за која е предвидена повисока даночна стапка. На врвот на листата е Лоринц Месарош, бизнисмен чија бизнис империја вклучува банкарство, енергетика, туризам, градежништво и земјоделство. Неговото семејно богатство се проценува на околу 1,786 трилиони форинти, или приближно 5,5 милијарди долари. Вториот најбогат човек во земјата е претседателот на ОТП банка, Шандор Чањи, чиј имот се проценува на приближно 2 милијарди долари. Петер Маѓар рече дека за време на подготовката на данокот, имало обиди за лобирање против новиот данок. - Предлагам чесно да ги плаќаат даноците - е пораката што ја испрати премиерот. Зошто Унгарија го воведува новиот данок? Данокот на богатство беше едно од изборните ветувања на партијата Тиса, која ја победи Фидес на априлските избори и го заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Новата влада сега се соочува со сериозен проблем со јавните финансии. Буџетскиот дефицит на Унгарија за оваа година е проектиран на дури 7,5 проценти од БДП, додека Унгарците ветија дека ќе го намалат на три проценти до 2030 година. Ова треба да ѝ помогне на земјата да ги исполни фискалните критериуми потребни за евентуалното воведување на еврото. Сè уште не е познато колку пари владата очекува да собере од новиот данок. Се очекува да биде вклучен во буџетот за 2027 година, кој се очекува да биде презентиран во октомври. Нацрт-законот веќе е објавен за јавна консултација, која ќе трае до 14 октомври, по што треба да биде доставен до парламентот. Доколку се усвои според сегашниот план, најбогатите Унгарци ќе мора да пресметаат не само колку заработуваат, туку и колку вредат вкупно, почнувајќи од следната година.Тагови: данок Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
СудбинаМагационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета Суд во Холандија донесе пресуда во случајот на привремен работник во магацин вработен во Темпо-Тим, на кого ќе му бидат исплатени вкупно 12.710 евра отштета откако судот утврди дека бил отпуштен без основана причина.Компанијата го отпуштила поради наводна кражба на два пара боксерки „Келвин Клајн“ од магацинот каде што работел, објави „NL Times“. Фотографија како доказ Работникот тврдел дека долната облека ја купил неколку месеци претходно на распродажба на примероци и дека ја имал во чантата бидејќи одел во теретана по работа. Тој доставил фотографија од јануари како доказ на која носи една од боксерките, објаснувајќи дека се продавале во пакувања од по три. Темпо-Тим тврдел дека вработениот го прекршил правилото на клиентот дека вработените не смеат да носат или поседуваат облека од „Келвин Клајн“ или „Томи Хилфигер“ на работа. Компанијата изјавила дека работникот не докажал дека легално ја стекнал долната облека. Отпуштањето било незаконско Сепак, судот утврди дека дури и евентуалното кршење на правилата за носење брендирана облека не претставува доволен доказ дека работникот имал намера да украде долна облека од магацинот. Судот изјави дека Темпо-Тим не дала доволно причини за таков заклучок и утврди дека отпуштањето е незаконско. На компанијата ѝ беше наложено да му исплати на работникот 6.000 евра за изгубена заработка, 1.550 евра надомест за промена на работното место и 3.000 евра за неоправдано отпуштање, плус повеќе од 2.150 евра за наплата и судски трошоци, како и камата во случај на доцнење.Тагови: боксерки отштета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДиректорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложувамеДиректорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина. - Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП. Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки. Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци. Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи. Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите. Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност. Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.Тагови: ММФ директорката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08