3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
КошаркаКоби Брајант пред смртта со еден потег на семејството му обезбедил 400 милиони долариКоби Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа на околу 50 километри од Лос Анџелес, заедно со неговата ќерка Џана, пилотот и уште шест семејни пријатели.Тие патувале во Таузенд Оукс на натпревар на кошаркарскиот тим на Џана, на кој тренер бил Коби, но поради густата магла пилотот ја загубил ориентацијата и удрил во планина во близина на Калабасас. Тоа беше една од најболните спортски трагедии во историјата, бидејќи животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, на возраст од само 41 година, неполни четири години од крајот на неговата величествена кариера. Брајант исто така беше одличен претприемач по пензионирањето. Пред неговата смрт, тој инвестирал пари во компанијата Бодијармор, која произведува освежителни спортски пијалоци. JUST IN: @DrinkBODYARMOR announces sale to Coca-Cola at a valuation of $8 Billion. Announcement released at 8:24 AM ET as a tribute to Kobe Bryant. Bryant bought 10% of company in 2014 for $6M. After dilution, his family will receive about $400M. https://t.co/EqSaRoeVRG — Darren Rovell (@darrenrovell) November 1, 2021 Затоа неговото семејство деновиве заработи 400 милиони долари. Коби вложил шест милиони долари, а директор на таа компанија по неговата смрт станала неговата сопруга Ванеса. На крајот на краиштата, компанијата завршила одлична работа и направила голем профит. Сопствениците ја продале за осум милијарди долари, поради што семејството на Брајант ја заработило споменатата сума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрекини на електричната енергија во четири азиски земјиКазахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес известија за прекини на електричната енергија, кои се случија „поради ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, објави Министерството за енергетика на Казахстан.Министерствата за енергија на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија. Тие изјавија дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија. Репортерите на Ројтерс во Алмати, најголемиот град во Казахстан, и Бишкек, главниот град на Киргистан, известија за прекини на електричната енергија. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главниот град Душанбе и вториот по големина град Хуџанд. Прекините на електричната енергија се чести во Централна Азија Узбекистанските власти известија за прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан. Недостатокот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија, каде што традиционалното потпирање на хидроенергија предизвикува проблеми бидејќи климатските промени ги прават хидроцентралите ранливи на недостиг на вода. Фото: ВИТагови: Азија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
БалканГрција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожаротДенес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“. Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација. Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога. Извор: Б92Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter