Коалиција „Вреди“: 100 милиони евра за развој на општините - Канал 5

Коалиција „Вреди“: 100 милиони евра за развој на општините

Додека Недемократската унија за дезинтеграција (НУД) – ДУИ продолжува да тоне во лаги и секојдневни манипулации, коалицијата ВЛЕН, во рамките на Владата, ја презема одговорноста да донесе конкретни проекти и одржлив развој за Албанците во земјава.

Коалиција „Вреди“: 100 милиони евра за развој на општините

По историската инвестиција од 34.5 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, сега е објавен јавен повик од 100 милиони

евра, од кои значителен дел ќе се фокусира на инвестиции за подобрување на инфраструктурата во албанските населби. 22 години годишното владеење на ДУИ остави пустош, а проблемите кои сè уште го спречуваат граѓанинот да развие нормален живот се безброј.

Поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН, преку јавниот повик од 100 милиони евра, има за цел да обезбеди праведен и регионален развој,

решавајќи еднаш засекогаш инфраструктурните-капитални предизвици што го блокираат напредокот. Овој интервентивен програм не е само ветување – тоа е конкретен одговор на основните проблеми на нашите граѓани и отвара пат за посветла и по предвидлива иднина за сите.

Додека ДУИ продолжува да се фали со лажен патриотизам и да избегнува одговорност за својата огромна корупција, ВЛЕН е тука да спроведе она што тие никогаш не го направија: вистинска децентрализација.

Ние сме тука за да реализираме вистинска работа за доброто на граѓаните! Преминуваме на дела: почнува реализацијата на првата буџетска програма од 100 милиони евра за општините до крајот на 2024. Градоначалниците на ДУИ можат да конкурираат со проекти, а ние од ВЛЕН нема да ги дискриминираме. Подготвени сме да ја вршиме и нивната работа.

Коалиција „Вреди

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер