Кнутсен: Изгубивме затоа што игравме претпазливо - Канал 5

Кнутсен: Изгубивме затоа што игравме претпазливо

Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, ја забележа пасивноста на играчите на неговиот тим во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Спортинг.

Кнутсен: Изгубивме затоа што игравме претпазливо

Натпреварот се одигра синоќа во Лисабон и заврши со 5:0 во корист на домаќините. Спортинг се пласираше во четвртфиналето на турнирот со вкупен резултат (5:3).

- Не игравме фудбал. Игравме претпазливо и се покажа дека е премногу значајно и премногу за нас да се справиме. Спортинг едноставно излезе на теренот без да размислува за ништо, додека ние размислувавме за последиците од самиот прв допир. Ова нè направи пасивни, изјави Кнутсен по мечот.

Тренерот забележа дека само во ретки моменти норвешкиот тим успеа да демонстрира конструктивна игра.

- Бевме многу далеку од нашата игра и од она што навистина треба да бидеме, додаде тој.

Спортинг ќе се соочи со Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, кој го победи Баер Леверкузен (1:1 и 2:0) во осминафиналето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)

Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, по повод неговото пристигнување на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Си отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика.

Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави.

Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што, само по себе, се сметаше за невообичаено високо ниво на почест.

Овој потег уследи по настанот од претходно оваа година, кога Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ во Соединетите Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот, не можев да го кажам тоа кога играв, но сега можам. .

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал смета дека е време за темелна реформа на системот на АТП-бодови – промена која би им овозможила на играчите повеќе време за одмор и за закрепнување од повреди.

Во интервју за „Асошиејтед прес“, освојувачот на 22 гренд слем титули зборуваше за сè понапорниот тениски календар, физичкиот товар врз играчите и проблемите што произлегуваат од сегашниот систем на рангирање.

Неговиот предлог е прилично радикален: наместо бодовите да се пресметуваат врз основа на резултатите постигнати во претходните 12 месеци – како што е случајот сега – АТП-рангирањето би требало да ги опфаќа резултатите од последните две години.

Според Надал, сегашниот систем создава дополнителен притисок врз тенисерите, бидејќи тие се обврзани да ги бранат поените освоени во текот на претходната сезона. Како резултат на тоа, играчите често се враќаат на теренот пред целосно да заздрават, плашејќи се од значителен пад на ранг-листата.

„Систем за рангирање заснован на резултатите од последните две години, наместо само од една, би им дал на играчите поголема слобода за носење подобри одлуки. Исто така, доколку дојде до повреда, би имале повеќе време за закрепнување, без притоа нивната позиција на ранг-листата толку нагло да опаѓа“, објасни Надал.

Шпанецот смета дека една таква промена би им помогнала на тенисерите подобро да ги планираат своите сезони и да избираат турнири, без постојано да чувствуваат обврска да настапуваат само за да ги заштитат своите поени.

Поранешниот светски број еден, исто така, ја критикуваше одлуката повеќето турнири од серијата „Мастерс 1000“ да се продолжат на речиси две недели. Седум од деветте турнири во оваа категорија сега траат 12 дена, додека Монте Карло и Париз го задржаа својот традиционален еднонеделен формат.

„Мислам дека продолжувањето на речиси сите турнири од серијата ’Мастерс 1000‘ на две недели беше грешка“, заклучи Надал.

Неговите предлози повторно ја разгореа дебатата за тоа како да се најде рамнотежа помеѓу комерцијалниот развој на тенисот, сè понапорниот календар и здравјето на тенисерите. Сепак, засега, ова остануваат само предлози на Надал, а не најавени промени во правилата на АТП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Се размислува патарините да  се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер