3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
Шоу бизКнига на актерката Џулијана Мур забранета од Пентагон Џулијана Мур, американска холивудска актерка, тврди дека Пентагон ја забранил нејзината илустрирана книга за деца во која се говори за различностите. Воената институција ја отстранила книгата „Јаготка со пеги“ (Freckleface Strawberry) за употреба во образовните установи под надлежност на Министерството за одбрана на САД, глобална мрежа од 160 училишта каде учат деца на воениот кадар на САД. - Бев шокирана кога дознав дека администрацијата на Трамп ја забранила мојата прва книга „Јаготка со пеги“ во училиштата на Министерството за одбрана. Книгата е полуавтобиогравска приказна за седумгодишно девојче кое не ги сака своите пеги, но на крајот учи да живее со нив кога сфаќа дека е посебна – исто како и сите други... Не можам да запрам да се прашувам што е толку спорно во оваа илустрирана книга за да биде забранета од американската влада. Длабоко сум разочарана, никогаш не би можела да замислам дека вакво нешто може да се случи во земја каде што слободата на говорот и изразувањето е загарантирано уставно право, напиша Мур на социјалната мрежа Инстаграм. Новата администрација на Доналд Трамп врши огромни напори за укинување на таканаречената политика на разновидност, еднаквост и инклузивност (ДЕИ) во американската влада спроведувана од претходната администрација на Џо Бајден, со обвинување дека таквата политика била дискриминаторска. Трамп верува дека практиките на инклузивност ги нарушуваат граѓанските права. Администрацијата сега работи на идентификација и отпуштање на што е можно повеќе државни службеници кои работат на прашања поврзани со ДЕИ, јави Волстрит журнал. Покрај тоа, како што пренесе Ен-Би-Си, десетици вработени во Министерството за образование на САД кои биле на обуки за инклузивност и разновидност на работното место, веќе добиле понуда да поднесат оставка со отпремнина или да се соочат со можност за отпуштање. Во изминатиот период многу американски компании како Гугл, Делоит (една од „големите четири“ консултантски фирми), Волмарт (најголемата светска мрежа за трговија на големо и мало), Форд, Харли Дејвидсон и Трактор суплај, се откажаа од примена на ДЕИ на работното место. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеДве лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата ќерка С.И.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.07.2026 во 23:55 часот полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани во с. Боротино, општина Кривогаштани го лишија од слобода Б.С.(29) с. Боротино, затоа што во семејниот дом упатувал закани кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 02.07.2026 во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработкатаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични преминиУнапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од директорот Бобан Николовски и директорот на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, заедно со високи претставници на ОБСЕ извршија увид во начинот на управување со граничниот премин Ќафасан-Ќафтане, по што беше остварена и средба на која трите страни дискутираа за практична примена на Договорот и Протоколот кон истиот. - Соработката со Албанија прерасна во вистинско партнерство засновано на меѓусебна доверба, отворена комуникација и заедничко разбирање дека ефикасното управување со границите е од суштинско значење за економскиот развој, регионалната поврзаност и безбедноста на нашите држави и регионот, истакна Николовски и додаде дека потпишувањето на Протоколот треба да резултира со намалување на времето на чекање и забрзан проток на трговијата, зголемена доверба на бизнис заедницата и забрзан проток на патници и стока. Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Беја, истакна дека ваквите средби се доказ дека напредокот е можен доколку двете страни работат заедно. - Соработката на Царинските управи е најдобар пример како да ги подобриме условите и за граѓаните и за бизнис заедницата во нашите држави. Царинската управа на Македонија има добра репутација на институција која има најголем напредок. Со Протоколот ќе ги координираме царинските процеси и заеднички ќе ги користиме ресурсите што ги имаме на располагање и ова е токму во насока на подобри контроли и олеснување на трговијата, вели Беја. Раководителот на Програмата за реформи во полицијата и кривично-правниот систем во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон рече дека е привилегија да се биде на историски настан кој не само што го унапредува заедничкото делување туку и ја унапредува сигурноста на граѓаните на двете држави. Дарко Ангелов, шеф на Одделот за соработка во областа на безбедност во Мисијата на ОБСЕ во Тирана потенцира дека Протоколот е успешна кулминација на десетгодишна успешна соработка во делот на граничното управување која постојано се надоградуваше преку поддршка и на Мисиите на ОБСЕ во Македонија и Албанија. Тој притоа додаде дека е поминат долг пат од воспоставување на првиот полициски контактен центар за соработка, сега проширен и во делот на царината на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме.Денеска (03.07.2026) директорот на БЈБ Александар Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме – традиција која симболизира чест, одговорност и посветеност кон татковината. При посетата, директорот Јанев истакна дека оваа церемонија за него има особено значење, бидејќи го потсетува на неговите почетоци во полициската професија пред 33 години, кога како кадет ги направил првите чекори во службата. Тој нагласи дека обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ во рамките на Полициската академија претставува обновување на вредностите, традицијата и докажаниот систем за создавање професионални и достоинствени полициски службеници. Директорот Јанев порача дека раководството останува посветено на изградба на модерен и стабилен полициски систем заснован на знаење, интегритет и професионалност, нагласувајќи дека силната полиција започнува со образованието, вредностите и љубовта кон татковината. Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter