Клуни и Пит лудо се забавуваат на премиерата на нивниот филм (ФОТО) - Канал 5

Клуни и Пит лудо се забавуваат на премиерата на нивниот филм (ФОТО)

Бред Пит (60) и Џорџ Клуни (63) прошетаа на црвениот тепих во театарот TLC во Лос Анџелес на премиерата на нивниот нов филм Wolfs и многу се забавуваа.

Клуни и Пит лудо се забавуваат на премиерата на нивниот филм (ФОТО)

Пит и Клуни ја задржаа насмевката на лицата за време на целото појавување. Сите присутни беа воодушевени од нивното расположение, што покажа дека на двајцата никогаш не им е здодевно заедно.

Тие изведуваа различни пози, правеа шеги и се смееја од уво до уво.

Бред пред премиерата на филмот упати и комплименти до својот колега. На прашањето на списанието People дали има некој совет за идните најсекси мажи, натпревар кој споменатиот магазин го одржува секоја година, на кој тој и Клуни ги имаа титулите, Пит се пошегува и му покажа на Џорџ: „Ова е најсекси жив маж“.

И на претходните премиери, дуото имаше одлична комуникација. На прес-конференцијата на филмскиот фестивал во Венеција, Бред Пит изјави дека сака да работи со луѓе што ги почитува. Клуни се надоврза на тоа и неговата изјава ја сфати како можност за шега.

"Тој е во право. Има 74 години, па искрено, има многу среќа што се уште работи на таа возраст", рекол Клуни, а Бред се насмеал на неговата шега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари: До решение за правосудниот испит преку дијалог и аргументи

Министерството за правда отвори консултативен дијалог со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит.

Шасивари: До решение за правосудниот испит преку дијалог и аргументи

Целта на средбата е преку отворен и конструктивен дијалог да се разгледаат предложените измени, да се слушнат ставовите на академската заедница и студентите и да се дојде до современо, правно издржано и европски ориентирано решение.

„Не сакаме законските решенија да се носат зад затворени врати, а студентите и факултетите да бидат ставени пред свршен чин. Сакаме процес во кој нивните забелешки, предлози и аргументи ќе имаат вистинска тежина“, истакна министерот Шасивари.

Тој нагласи дека прашањето за правосудниот испит треба да се разгледува пред сè како правно и институционално прашање, при што решенијата треба да се темелат врз стручни аргументи, меѓусебна почит и конструктивен дијалог.

„Нашата цел е да дојдеме до современо, правно издржано и европски ориентирано решение, кое ќе ги земе предвид потребите на сите студенти што го стекнуваат своето високо правно образование на различни јазици“, посочи Шасивари.

Предложените измени имаат за цел да воспостават рамнотежа меѓу почитувањето на правото на образование и можноста за користење на другиот јазик на кој кандидатот ги завршил правните студии, од една страна, и потребата од единствен, функционален и професионален правосуден систем, од друга страна.

Според министерот, целта е да се обезбедат порамноправни можности за кандидатите, без притоа да се отстапи од единствените професионални стандарди што се неопходни за вршење на правните функции.

„Измените немаат за цел создавање паралелни системи за полагање на правосудниот испит, туку воспоставување единствен модел во кој јазичната инклузивност и професионалните стандарди меѓусебно се надополнуваат“, нагласи министерот за правда.

Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека Владата има јасна определба за почитување и унапредување на јазичните права, при целосно почитување на Уставот, законите и професионалните стандарди.

Во насока на обезбедување дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди, министерот најави дека ќе се побара мислење во краток рок од Венецијанската комисија, советодавното тело на Советот на Европа за уставно-правни прашања.

„Веруваме во аргументите врз кои го градиме предложениот модел и сме подготвени да ги разгледаме сите препораки што ќе произлезат од оваа постапка“, порача Шасивари.

Министерството за правда останува посветено на транспарентен и инклузивен процес, во кој сите засегнати страни ќе имаат можност да придонесат кон изнаоѓање правно одржливо решение, засновано врз дијалог, еднакви можности и почитување на европските правни стандарди, соопштуваат од МП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова?

Ива Михаилова е фантом пациент според „Мој термин“, бидејќи докторот нема креирано упати и закажани прегледи, електронски не е заведена во системот откако била прегледувана.

Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова?

Ова е констатирано во извештајот на инспекторите од ДСЗИ, потврдува за Канал 5 Директорот на Клиниката д-р Јован Божиновски кој додаде дека пристигнато е и решение за платен налог за д-р Иван Барбов со чиј што извештај Михаилова тврди дека немала услови за лекување во Македонија.

Од Инспекторатот засега не споделуваат детали за тоа што се е најдено во медицинското досие во хартиена форма и како воопшто било констатирано дека за Ива Михаилова немало услови за лекување во Македонија, но извесно е дека инспекторите ќе одат во сите болници во Македонија каде што таа била лекувана.

Д-р Барбов денеска не одговори на нашите повици, но во порака дека службата на „Мој термин“ треба да каже дали воопшто таа можела да биде евидентирана или не, откако во претходна изјава за Канал 5 кажа дека Михаилова немала здравствено осигурување во Македонија, туку бугарско, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија каде што и била осигурена.

Михаилова е хоспитализирана во болницата „Пирогов“ во Софија, откако избега од Македонија токму кога требаше тим од лекари од таму да дојдат и стручно да ја дефинираат дијагнозата и начинот на третман. Од „Пирогов“ и по една недела откако таа е таму не сакаат да дадат информација дали се готови и што покажале високоспецијализирани испитувања.

Не можам да ви дадам никаква информација. Пријатен ден!

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска е во Софија, а иако пред медиумите најави дека со министерката за здравство на Бугарија, Катја Ивкова, ќе разговара и за случајот со Михаилова денеска не беше достапен за јавноста.

Од Министерството испратија соопштение Министерот таму потпишал План за соработка за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини

Канада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини. Гласањето се одржува денес.

Канада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини

Жителите на Алберта денес ќе одлучат дали да го започнат процесот за распишување обврзувачки референдум за отцепување од Канада.

Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичката опција би предизвикала опасна неизвесност во време кога трае трговската војна со Соединетите Држави, пишува „Еуроњуз“ (Euronews).

Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од жителите на оваа западна канадска провинција. И покрај тоа, во пресрет на гласањето, целото внимание е насочено кон излезноста и прашањето дали еден мотивиран сепаратистички табор, во услови на пасивност на федералистите, може да постигне неочекуван резултат.

„Не дозволувајте некој да ви каже дека исходот е веќе одлучен. Излезноста ќе го одреди резултатот“, изјави Карни на еден собир во четвртокот. Карни, кој израснал во Алберта, го нарече референдумот „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени царини и се заканува со анексија, со цел да ја скрши канадската решителност. „Гласајте како од тоа да зависи опстанокот на Канада – бидејќи навистина зависи“, рече Карни.

Алберта ги поседува четвртите по големина докажани резерви на нафта во светот, а сепаратистичкото движење е поттикнато од незадоволството од начинот на кој федералната влада управува со овој сектор.

Многу жители на Алберта остро му се спротивставија на претходникот на Карни, Џастин Трудо, обвинувајќи го дека преку своите климатски политики се обидува да го задуши производството на нафта.

„Ако сакате да посочам кој е одговорен за сепаратистичкото расположение, сметам дека тоа е Џастин Трудо“, изјави овој месец премиерката на Алберта, Даниел Смит, во подкастот „Канадаленд“ (Canadaland).

На еден сепаратистички собир во Едмонтон, одржан во саботата, 61-годишната Сенди Мартел изјави за новинската агенција АФП дека луѓето поврзани со нафтената индустрија се чувствуваат „ограбени, измамени и лошо третирани“.

„Време е да се исправиме и да кажеме: доста е“, додаде таа. Гласањето доаѓа само неколку дена откако во пожар во една воена база во оваа провинција загинаа најмалку четворица војници, а десетици беа повредени, што предизвика изливи на сочувство низ целата земја.

Конзервативната премиерка на Алберта вели дека сака покраината да остане во Канада, но распиша референдум за конечно да се реши ова спорно прашање. Доколку мнозинството гласа за отцепување, таа вети дека ќе иницира процес што ќе води кон обврзувачки референдум. Ако победат федералистите, Смит смета дека прашањето за отцепување треба да се смета за затворено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер