Клубот Тигар од Делчево в недела домаќин на второто коло од македонската бокс лига - Канал 5

Клубот Тигар од Делчево в недела домаќин на второто коло од македонската бокс лига

Бокс и кикбоксинг клубот Тигар од Делчево ќе биде домаќин на второто коло од младинската и првата лига во бокс. За таа цел од клубот интензивно се подготвуваат за натпреварите кои се закажани за 4 мај 2025 (недела) со почеток во 14 часот.

Клубот Тигар од Делчево в недела домаќин на второто коло од македонската бокс лига

Како што истакна тренерот Борче Ивановски, делчевскиот клуб ќе има и свој претставник на овие натпревари во името на Андреј Ѓорѓиевски, кој ќе боксува за прв пат на овие натпревари.

- Со Андреј Ѓорѓиевски работиме интензивно, тренинзите се одвиваат со добар тек. Тоа ќе му биде прва борба, ќе видиме како ќе не претстави. Следејќи ја неговата способност тој ги задоволува стандардите за да се натпреварува, вели Ивановски.

Ѓорѓиевски кој тренира една година во клубот иако се уште не го знае името на противникот очекува добар резултат.

Клубот од Делчево за чии тренинзи се задолжени браќата Ивановски кои имаат настапувано за македонската кикбоксинг репрезентација, повторно започна со работа пред околу два месеци.

- Тигар функционира како боксерски и кикбоксинг клуб. Тоа се два посебни клуба кои се членки на федерациите. Тренинзите се одвиваат во две групи едната група е дечиња до 13 години, а имаме и возрасна група. Тренираме понеделник, среда и петок, додава тренерот Мики Ивановски.

Во рамки на натпреварите во недела борбите ќе се одвиваат во сениорска категорија, а планирани се и борби во помладите конкуренции. Од клубот од Делчево ги поканија вљубениците во спортот со своето присуство да дадат свој придонес во успешна организација на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот

Жена (54) е уапсена во Солун бидејќи во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и домашни миленици, соопшти грчката полиција.

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот

Жената вчера попладне завршила со лисици на рацете, по инцидент што го имала со Алжирка (35), при што ѝ се заканувала, по што на лице место пристигнала полицијата, пренесува Прототема.

Во истрагата што следела, полициските службеници од одделот Терме утврдиле дека Гркинката во својот стан чувала околу 120 кучиња, 70 мачки и десетина кози, без да им обезбеди удобно, здраво и соодветно домување, што ја загрозувало благосостојбата на животните.

Против неа е поднесена пријава за закани и кршење на законите за животните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

Маратонците денеска пристигнаа во Скопје, а утре ќе бидат во Крушево. Трчаа од Нова Градишка каде на 16. Октомври 2007 година загина нашиот Тоше Проески. 

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

„Нашите маратонци пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон градскиот плоштад во Скопје каде што се очекува да пристигнат околу 19 часот.

Од таму преку детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче продолжуваат накај Крушево.

ЗА ТОШЕ!“, објавија на ФБ од Здружението на граѓани „Игри без граници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра

Сликата „Шарен живот“, познато дело на рускиот сликар Василиј Кандински, беше продадено на аукција вчера вечерта за речиси 32 милиони евра, објави лондонската куќа Кристи.

Славна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра

Познатото масло на платно висеше во музејот Ленбаххаус во Минхен со децении. Пред три години беше класифицирано како дело украдено од нацистите, па затоа беше вратено на наследниците на еврејското колекционерско семејство Левенштајн.

Кит Гил од аукциската куќа Кристи објави пред аукцијата дека сликата го покажува развојот на уметничкиот јазик на Кандински и најавува извонредна промена во стилот во годините што следеа, пишува dpa. Гил, исто така, нагласи дека делото е длабоко поврзано со културното наследство на родната Русија на Кандински.

Едно од клучните дела на неговото творештво

Сликата прикажува стари руски мотиви и ликови од бајките, а Кандински ја насликал за време на престојот во Париз под влијание на фовизмот, симболизмот и арт нувото. До ден-денес се смета за едно од клучните дела во неговото творештво.

Сликата била купена во 1927 година од страна на брачниот пар Левенштајн од Амстердам. По смртта на нејзиниот сопруг, Емануел Алберт Левенштајн, во 1930 година, неговата вдовица, Хедвиг Левенштајн Вајерман, го позајмила делото на Музејот Штеделајк.

Откако германските сили ја окупирале Холандија, делото било продадено на аукција во октомври 1940 година. Според „Кристи“, највисокиот понудувач во тоа време бил колекционерот Саломон Б. Слијпер. Неговото семејство ја продало сликата во 1972 година на Баварската државна банка, која ја предала на Музејот Ленбаххаус во 1973 година, пренесува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер